fbpx

Заев: Неприфатлив е предлогот на Груевски за 20 пратеници од дијаспората

-

За лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е неприфатлив предлогот на премиерот Никола Груевски дијаспората да избира 20 партеници.

– Еднаквото право на глас, односно еднаквата вредност на гласот е едната опција  што е понудена. Ако имаме 8.200 гласачи за пратеник во Европа, ќе има еден пратеник, ако тоа се случи во Австралија и во Америка, ќе има и таму пратеник. Но, нема да дозволиме да се избира пратеник со 800 или 500 гласови, кога во Македонија за еден пратеник потребни се 7.800 до 8.500 гласови. Или, на крајот, целиот гласачки материјал од дијаспората да се донесе во Македонија – изјави Заев.

Заев очекува да биде запазен и рокот за преговорите и за регулација на медиумите.

– Очекувам дека до средината на ноември граѓаните ќе ги препознаат првите реформи, пред сè во МРТВ, но и во сите други телевизии со национална концесија, особено алудирам на тие што се перјаници на власта и буквално го преокупираат целиот наш народ со полтики што се погрди дури и од штабот на нашиот политички противник – рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Како порталот Спутник, гласноговорник на Кремљ, известуваше за македонските избори?

Два лајт мотива беа содржани во најголемиот дел од анализите и текстовите за изборите во Северна Македонија низ призмата на проруски Спутник. Првиот е дека С. Македонија има притисоци...