fbpx
Таг: Иран

таг: Иран

Меѓународната заедница ги укина санкциите за Иран

Иран се враќа на светската економска сцена откако Соединетите Американски Држави, Европската унија и Обединетите нации ги укинаа санкциите против земјата. Овој чекор следува по објавата на Меѓународната агенција за атомска енергија дека Иран ги исполнил сите обврски од договорот со меѓународната шесторка за иранската нуклеарна програма, склучен во јули минатата година. Изразувајќи огромно задоволство во обраќањето до нацијата во парламентот...

Пакистанскиот претседател ќе посредува меѓу Саудиска Арабија и Иран

Наваз Шариф, премиерот на Пакистан, в понеделник ќе отпатува во Саудиска Арабија каде што ќе се сретне со кралот Салмин, а во вторник во Иран за во Техеран да се сретне со претседателот Хасан Рохани. Посетата на Шариф е за да ја смири напнатоста меѓу двете сопернички сили. Во соопштението на пакистанската дипломатија се вели дека неодамнешната ескалација на напнатоста меѓу Саудиска...

Иран ги ослободи американските морнари

Иранската револуционерна гарда соопшти денеска дека ги ослободила десетте американски морнари што синоќа ги зароби во Персискиот Залив. Иран приведе морнари на два американски чамци затоа што ги нарушиле иранските територијални води. Командантот на револуционерната гарда, Али Фадави, рече дека истрагата утврдила дека морнарите завршиле во иранските води поради дефект на навигацискиот уред. Претходно, командантот на иранската армија, генерал-мајор Хасан Фирузабади, рече дека...

Се урна ирански воен авион

Ирански воен авион се урна денеска во близина на пакистанската граница, јави иранската државна телевизија, додавајќи дека и двајцата пилоти загинале. Авионот „фантом“ паднал на околу 70 километри од воздушната база Конарак, на околу 1.450 километри југоисточно од Техеран. Причината за падот засега не е позната, наведе телевизијата, додавајќи дека двајцата пилоти биле на обука.

Могерини: Наскоро ќе бидат укинати економските санкции кон Иран

Високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, изјави дека очекува наскоро да бидат укинати економските санкции против Иран. Иран и шесте светски сили предводени од САД, во јули минатата година постигнаа историски договор за иранската нуклеарна програма, врз основа на кој ќе бидат укинати санкциите против Техеран во замена за ограничување на иранската нуклеарна програма. Могерини,...

Турскиот премиер се нуди како посредник во решавање на кризата меѓу Саудиска Арабија и Иран

Ријад и Техеран да ги користат дипломатските канали за да стават крај на тензиите настанати по погубувањето на истакнатиот шиитски свештеник Нимр ал Нимр, изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу, додавајќи дека Анкара е подготвена да посредува во решавањето на кризата. - Веднаш треба да им се даде шанса на дипломатските канали. Турција е подготвена да понуди секаква можна конструктивна помош...

Кувајт го отповика амбасадорот во Иран

Кувајт го отповика својот амбасадор во Иран поради нападот на дипломатското претставништво на Саудиска Арабија во Иран. Саудиска Арабија претходно ги прекина односите со Иран, а слични чекори преземаа и Бахреин, Судан и Обединетите Арапски Емирати. Во меѓувреме, шефот на египетската дипломатија го осуди нападот на иранската амбасада во Ирак и го нарече „неприфалтив“. Саудиска Арабија за време на викендот погуби 47...

Саудиска Арабија го прекина авиосообраќајот со Иран

Саудиската управа за воздушен сообраќај денеска соопшти дека сите летови кон Иран и од таа земја кон Саудиска Арабија се откажани, затоа што Ријад ги прекина дипломатските односи со Техеран. Прекинот на авиосообраќајот се случува откако Саудиска Арабија во саботата го погуби шиитскиот свештеник Нимр Бакер ал Нимр, остар критичар на саудиската власт во таа земја, што предизвика протести во...

И Судан ги прекина дипломатските односи со Иран

Судан денеска соопшти дека ги прекинал дипломатските односи со Иран, откако претходно Саудиска Арабија и Бахреин исто така ги прекинаа врските со Техеран во рамките на новото затегнување на односите на Блискиот Исток. Последните тензии меѓу арапските земји настанаа откако Саудиска Арабија во саботата го погуби шиитскиот свештеник Нимр Бакер ал Нимр, остар критичар на саудиските власти, што предизвика протести...

По Саудиска Арабија, и Бахреин ги прекина односите со Иран

Бахреин ги прекина дипломатските односи со Иран откако демонстрантите упаднаа и ја гаѓаа саудиската амбасада во Техеран. Локалните медиуми јавуваат дека властите на Бахреин побарале иранските дипломати да ја напуштат земјата во рок од 48 часа. Одлуката ја соопшти бахреинскиот министер за медиуми, Иса ал Хамади. „Бахреин одлучи да ги прекине дипломатските односи со Исламската Република Иран и да ги повика сите...

Иран: Ријад поттикнува тензии по прекинот на дипломатските односи

Саудиска Арабија го користи нападот на својата амбасада во Техеран како изговор за поттикнување тензии, соопшти денеска иранското министерство за надворешни работи. Официјален Ријад го прекина дипломатските односи со Иран по погубувањето на шиитскиот свештеник, шеикот Нимр ал Нимр и својата одлука ја објави синоќа, еден ден откако демонстрантите ја уништија нејзината амбасада во Техеран. Во соопштението се истакнува дека Иран...

САД ги повикаa Ријад и Техеран да ги смират тензиите

САД доцна синоќа ги повикаа лидерите на Блискиот Исток да ги преземат неопходните мерки за да се смират тензиите и затегнатите односи меѓу Иран и Саудиска Арабија по погубувањето на шиитскиот имам во саудиското кралство, јавуваат светските медиуми. Погубувањето на шиитскиот имам Нимр Бакер ал Нимр, остар критичар на саудиските власти, предизвика протести во Техеран каде нападната беше саудиската амбасада. Саудиска...

Саудиска Арабија: Иран е бесрамна земја која поддржува тероризам

Официјален Ријад го нарече Иран „бесрамна земја“, која го поддржува тероризмот и работи против стабилноста во регионот. Реакцијата на Саудиска Арабија доаѓа откако во Техеран се одржаа насилни протести против егзекуцијата на шиитскиот духовен лидер Нимр Бакер ал Нимр, при кои беше извршен упад во саудиската амбасада. - Иранскиот режим е последниот режим во светот, кој може да обвинува други земји...

Иран: Демонстрантите упаднаа во саудиската амбасада

Демонстрантите во Техеран кои од синоќа протестираа пред амбасадата на Саудиска Арабија, поради погубувањето на истакнатиот шиитски свештеник Нимр ал Нимр, утринава упаднаа во објектот. Иранските медиуми јавуваат дека демонстрантите по упадот почнале да пукаат и да го палат објектот, по што интервенирала полицијата, која успеала да ги оддалечи од амбасадата. Полицијата уапсила 40 лица кои фрлале молотови коктели и...

Техеран: Ријад поддржува терористи

Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, Хосеин Џабер Ансари, ја обвини Саудиска Арабија дека поддржува тероризам и оти ги убива противниците на тероризмот. „Саудиската влада поддржува терористи и радикални сунитски екстремисти, убивајќи и задушувајќи ги критичарите во земјата“, соопшти портпаролот. Властите на Саудиска Арабија денеска погубија 47 лица поради тероризам, соопшти саудиското министерство за внатрешни работи. Меѓу погубените е и истакнат...

Во Иран 12.000 кандидати за 290 пратеници

За парламентарните избори во Иран регистрирани се речиси 12.000 кандидати, вклучително 1.200 жени. Неколку поранешни минстри и пратеници, внук на командантот на иранските елитни сили, Касем Солеимани, и еден од синовите и ќерката на поранешниот претседател на Иран, Али Акбар Хашеми Рафсанџани, се меѓу нив. На последните парламентарни избори во 2012 година, околу 5.000 кандидати бараа мандати. Изборите за 290...

Русија ќе почне да ги гради новите реактори во Иран

Русија следната недела ќе почне да ги гради двете нуклеарни електрани во Иран, соопшти денеска заменик-директорот на иранската aгенција за атомска енергија, Бехруз Камалванди, додавајќи дека иранската нуклеарна индустрија пораснала со помош од странство. Русија минатата година постигна договор со Иран за градење дополнителни два реактора во првата цивилна нуклеарна електрана во близина на градот Бушер. Рускиот министер за индустрија и...

Во Иран затворени училиштата поради загадување на воздухот

Повеќето училишта во Иран утре ќе бидат затворени поради високото ниво на загадување на воздухот кое веќе неколку дена ги надминува дозволените вредности. Училиштата ќе бидат затворени во Техеран и во околните градови, како и во провинцијата Алброз, во западниот дел на Иран. Властите одлучиле да ги затворат училиштата и во централните индустриски градови Арака и Исфахан. Властите им препорачаа на...

ОН ја затвораат истрагата за Иран

Одборот за нуклеарни прашања на Обединетите нации, составен од 35 земји-членки, денеска одлучи да ја затвори истрагата за тоа дали Иран се обидел да дојде до атомско оружје и одлучи да го поддржи меѓународниот договор со Техеран, соопштија неименувани дипломатски извори. Речиси две недели откако Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) го поднесе извештајот во кој се наведува дека Иран...

Иран: Со распоредување на војската, Турција ја става под закана регионалната безбедност

Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Хосеин Амир Абдолахиан, вчера во интервју за телевизијата „Прес“ изјави дека Турција ја става под закана регионалната безбедност со распоредувањето трупи во Северен Ирак. - Овој чекор на владата на Турција не само што нема да помогне да се порази тероризмот, туку и ќе доведе до хаос и ќе ја стави под закана безбедноста на...

Европската комисија исплати 50 милиони евра финансиска помош за Северна Македонија

Европската Комисија оваа недела одобри заем во износ од 50 милиони евра за Северна Македонија. Ова е прва транша од тековната програма за макрофинансиска помош (МФП) за земјата. Помошта обезбедува...