fbpx

Иран: Демонстрантите упаднаа во саудиската амбасада

-

Демонстрантите во Техеран кои од синоќа протестираа пред амбасадата на Саудиска Арабија, поради погубувањето на истакнатиот шиитски свештеник Нимр ал Нимр, утринава упаднаа во објектот.

Иранските медиуми јавуваат дека демонстрантите по упадот почнале да пукаат и да го палат објектот, по што интервенирала полицијата, која успеала да ги оддалечи од амбасадата. Полицијата уапсила 40 лица кои фрлале молотови коктели и камења врз амбасадата.

Иранското министерство за надворешни работи ги повика демонстрантите на мирни протести и да ги почитуваат дипломатскиот објект.

Иранската револуционерна гарда се закани со „тешка одмазда“ на саудиската сунитска кралска династија поради вчерашното погубување на Нимр.

Иранскиот духовен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, денеска рече дека божјата рака ќе се одмазди за егзекуцијата на саудискиот шиитски духовен лидер.

– Нема сомнеж дека неправедно пролеаната крв на тој маченик наскоро ќе ги даде своите плодови и божјата одмазда ќе падне врз саудиските политичари – изјави Хамнеи.

Ријад го прогласи за терорист шиитскиот свештеник, кој во Иран се сметаше за истакнат заговорник за правата на маргинализираното шиитско малцинство во Саудиска Арабија.

Нимр, заедно со уште 46 лица, вчера беше погубен во Саудиска Арабија, под обвинение за тероризам.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...