fbpx

САД ги повикаa Ријад и Техеран да ги смират тензиите

-

САД доцна синоќа ги повикаа лидерите на Блискиот Исток да ги преземат неопходните мерки за да се смират тензиите и затегнатите односи меѓу Иран и Саудиска Арабија по погубувањето на шиитскиот имам во саудиското кралство, јавуваат светските медиуми.

Погубувањето на шиитскиот имам Нимр Бакер ал Нимр, остар критичар на саудиските власти, предизвика протести во Техеран каде нападната беше саудиската амбасада. Саудиска Арабија по тоа одлучи да ги прекине дипломатските односи со Иран.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.