fbpx

Во Иран затворени училиштата поради загадување на воздухот

-

Повеќето училишта во Иран утре ќе бидат затворени поради високото ниво на загадување на воздухот кое веќе неколку дена ги надминува дозволените вредности.

Училиштата ќе бидат затворени во Техеран и во околните градови, како и во провинцијата Алброз, во западниот дел на Иран. Властите одлучиле да ги затворат училиштата и во централните индустриски градови Арака и Исфахан.

Властите им препорачаа на постарите лица, децата и на лицата со кардиоваскуларни проблеми да не излегуваат на отворено. Сите спортски натпреварувања се откажани, а медицинските установи се подготвени за прием на зголемен број болни лица.

Нивото на загадување на воздухот достигнало 148 мерни единици, додека максималното ниво, според Светската здравствена организација, е 50.

Околу 80 отсто од загадувањето во Техеран е предизвикано од издувните гасови на околу пет милиони автомобили и речиси исто толку мотоцикли.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...