понеделник, 16 март, 2026
Meta.mk

Ознака: Загадување на воздух | 32 резултати

Град Скопје поради големото загадување препорачува да не се седи на отворено

18 јануари 2019

Град Скопје издаде низа препораки за граѓаните поради големото загадување на воздухот. Препораките следуваат по соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање за надминување на прагот на информирање каде вредноста на ПМ10 честичките во воздухот над 100 микрограми на еден кубен метар во текот на два последователни дена на минимум две мерни станици […]

За Градот во ред се јавните манифестации на загаден воздух – оти биле однапред планирани

24 декември 2018

„Сите манифестации кои се одвиваат на отворено, а се организирани или поддржани од Град Скопје и скопскиот градоначалник се однапред планирани активности и не сме можеле да знаеме колкав степен на загадување ќе има тогаш кога тие ќе се одржат“, е одговорот на службата за информирање на Градот на прашањето зошто Шилегов и локалната самоуправа […]

„О2“: Да се испита колку воздухот во Скопје го загадува индустријата

24 декември 2018

Потребно е во Скопје да се направат испитувања и за загадувањето на амбиентниот воздух од индустриските капацитети, а не само на загадувањето кое доаѓа од загревањето на домаќинствата и од сообраќајот, велат од иницијативата „О2“ во врска со аерозагадувањето. Во програмата за 2019 година на Град Скопје за активности од доменот на заштитата на животната […]

Линданот од малата депонија на ОХИС ќе се чисти догодина, собрани се 9 милиони долари

15 декември 2018

Малата депонија со линдан во кругот на фабриката ОХИС, на која има околу 10.000 тони контаминирана почва со оваа канцерогена супстанца, ќе започне да се чисти до средината на следната година, информираат за „Мета“ од Канцеларијата за за ПОПс (Persistent organic pollutants) – неразградливи органски загадувачи при Министерството за животна средина. Во март, следната година, […]

УНЕП: Скопје e најзагадениот главен град во Европа

28 ноември 2018

Скопје, град со повеќе од половина милион жители, беше ставен на листата на Светската здравствена организација (СЗО) меѓу градовите во Европа со најголема концентрација на штетни ПМ2.5 во воздухот, пишува УНЕП (Програма на ОН за животна средина) Честичките ПМ 2.5 вклучуваат различни компоненти како што се нитрати, сулфати, органски хемикалии, метали, прашина и црн јаглерод, […]

Домаќинствата се виновни за 90 отсто од вкупните емисии на ПМ честички

20 ноември 2018

Загревањето на домаќинствата придонесува со најголема количина на ПМ емисии односно дури 90 отсто доаѓаат од овој сектор, а само 10 отсто доаѓаат од транспортот. Кај емисиите на нитроген оксид (NOx) главен виновник е транспортниот сектор кој учествува со 60 отсто од емисиите. Ова го покажуваат студиите на истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој […]

Град Скопје од викендов со дронови ги лоцира изворите на загадувањето

19 ноември 2018

Градот Скопје викендов го почна 3Д мапирањето на критичните точки за загадувањето на воздухот во градот со беспилотно летало, а како прва локација била избрана депонијата „Вардариште“, информираа од Град Скопје. – Жителите на Аеродром и на Гази Баба веќе подолг период се задушуваат од непријатна миризба што се шири покрај кејот на Вардар. Сега, […]

Европските правила за електраните на јаглен во Македонија ќе спасат 580 животи годишно

17 ноември 2018

Околу 580 животи годишно би се спасиле ако македонските термоелектрани на јаглен го доведат нивото на загадување на воздухот до она пропишано со европската директива за индустриски емисии, покажува извештајот „Подобрување на здравјето преку подобрување на квалитетот на воздухот на Западен Балкан“ на Алијансата за здравје и животна средина (HEAL) од Брисел, Белгија, мрежа на […]

О2 Коалиција: Панот на Владата за намалување на аерозагадувањето е срамно залажување

16 ноември 2018

Одлуката на Владата борбата против загадувањето на воздухот да се третира како стратешки приоритет со обезбедени само 1,6 милиони евра претставува „срамно залажување и лажно прикажување на борбата против аерозагадувањето“, велат од О2 Коалицијата. „Додека над 3.000 луѓе умираат годишно, додека децата ги полнат болниците со респираторни заболувања, оваа одлука на Владата е своевидно мачкање […]

Макрадули: Со „Планот за чист воздух“ за 2 години аерозагадувањето ќе се намали до 50%

15 ноември 2018

Намалување на загадувањето на воздухот за 50 отсто во Скопје и од 30 до 50 отсто во другите градови во следните две години, предвидува „Планот за чист воздух“ на Владата кој денеска го презентираше заменикот-министер за животна средина, Јани Макрадули, а започна да се применува од вчера. За овој план во буџетот за 2019 година […]

Не се знае кога, ама ќе се набават нови мерни инструменти за ПМ10 во Гази Баба и Лисиче

14 ноември 2018

Двете најзагадени населби во Скопје, Лисиче и Гази Баба, ќе добијат нови инструменти за мерење на ПМ10 честички, информира за „Мета“, Министерството за животна средина и просторно планирање, но од таму не даваат временски рок кога тоа ќе се случи. Во Лисиче канцерогените ПМ10 честички не се мерат од 5 октомври односно 41 ден, а […]

РЕК Битола и РЕК Осломеј загадуваат како 83 европски централи на јаглен

14 ноември 2018

Во Македонија оџаците чадат дваесет пати поцрно од Европа. Во Македонија дваесет пати повеќе домаќинства се греат на огревно дрво отколку во Европската унија, а четирите термоелектрични блокови кои користат лигнит (РЕК Битола 1,2 и 3 и РЕК Осломеј) загадуваат како 83 европски централи на јаглен, покажува споредбата на податоците на Статистичкиот годишник на Државниот завод […]

Шесте нови приватни станици мерењата ги почнаа со високо ниво на загадување на воздухот

13 ноември 2018

Шесте нови мерни станици, кои го мерат загадувањето на воздухот во Скопје, поставени од страна на проектот „Скопје пулс“ утринава и синоќа измерија високо ниво на загадување. Тоа се мерните станици кај Металски Завод Тито во општина Гази Баба, кај полициската станица во Ѓорче Петров, населба Козле во општина Карпош, како и три мерни станици […]

Мерната станица во Лисиче не работи од кога почна енормното загадување

12 ноември 2018

Инструментите со кои се мерат канцерогените ПМ10 честички во скопските населби Лисиче и Гази Баба не се во функција од 5 октомври, односно од 14 август. Информациите од веб-апликацијата „Мој воздух“, која податоците ги добива од инструментите на Министерството за животна средина и просторно планирање, покажуваат дека мерната станица во Лисиче престана да работи кога […]

Загадувањето во Тетово е за 60 отсто намалено по затворањето на „Југохром“ (инфографик)

10 ноември 2018

Според мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирање, 60 отсто од загадувањето на воздухот во Тетово било резултат на работењето на комбинатот „Југохром“ чие производство е запрено во ноември 2016 година поради недостиг на соодветна филтер-станица. Во 2015 година, просечната среднодневна концентрација на ПМ10 честичките во Тетово била 298 микрограми на еден кубен […]

Чоловиќ – Лешоска: Увезените стари возила евтини за џебот, „скапи“ за белите дробови

6 ноември 2018

Ана Чоловиќ – Лешоска е директорка на организацијата „Еко-свест“, која работи на полето на заштитата на животната средина во Македонија подолго време. Вели дека во земјава недоволно се преземаат мерки за кревање на свесноста за тоа колку возилата го загадуваат воздухот и оти се потребни порадикални мерки за да се крене свесноста кај граѓаните, како […]

Дишеме отров четири пати повеќе и осум пати подолго од дозволеното (инфографик)

27 октомври 2018

Просечното годишно загадување на воздухот во Македонија со ПМ10 честички во минатите десет години е од два до четири и пол пати повисоко од граничните вредности пропишани со Директивата на ЕУ за квалитет на воздухот, кои од 1 јануари 2015 година се задолжителни за сите земји-членки. ЕУ веќе почна постапка против неколку членки кои ги […]

Заев и „О2“ се договориле дека ако треба ќе се зголеми буџетот за заштита од загадувањето

12 декември 2017

Премиерот Зоран Заев и заменик министерот за животна средина Јани Макрадули синоќа се сретнале со претставници од граѓанската иницијатива „О2 коалиција за чист воздух“ откако иницијативата најави дека ќе ја тужи Македонија до Европскиот суд за човекови права во Стразбур и ќе поднесе жалби до сите меѓународни институции поради алармантната загаденост во државата. На средбата, […]

„Југохром“ до полноќ ќе ги исклучи сите печки

2 ноември 2016

Раководството на „Југохром“ постапи по одлуката на државниот инспекторат за животна средина, кој вчера донесе решение комбинатот да ги исклучи сите печки поради непочитување на крајниот рок за поставување филтри на оџаците, кој истече пред два дена. Генералниот директор на „Југохром“, Васко Скендеровски, во телефонска изјава рече дека од синоќа етапно почнале со исклучување на печките […]

Протест на вработените од „Југохром“

3 февруари 2016

Министерството за животна средина да престане да врши притисок врз комбинатот „Југохром“ за негово затворање, сите вработени да се вратат на работа на 1 март годинава, а раководството да го имплементира процесот на поставување филтри на фабриката. Ова се трите барања што денеска вработените на „Југохром“ и синдикатот ги упатија на денешниот протест одржан пред фабриката. – […]

Страна 1 од 2