fbpx
Таг: Иран

таг: Иран

Иран и Русија се пазарат за оружје вредно 10 милијарди долари

Иран и Русија се во преговори за воена зделка тешка околу 10 милијарди долари, известува агенцијата „Ројтерс“. Планот е Москва да испорача на Техеран тенкови „т-90“, артилериски системи, авиони и хеликоптери. Шефот на руската одбрана и безбедност, Виктор Озеров, во рускиот парламент ги извести новинарите дека можната зделка со Иран ќе биде потврдена за време на посетата на Иран. Пред...

Рохани во Хавана на средби со браќата Кастро

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска во Хавана се сретна со актуелниот и со поранешниот претседател на Куба, Раул Кастро и Фидел Кастро. Рохани за време на еднодневната посета на Куба разговарал со 90-годишниот Фидел Кастро. Тој имал одвоена средба и со Раул Кастро, кој го презеде водењето на земјата од својот постар брат во 2006 година. Рохани допатувал на Куба по...

Се урна тунел од метро во Техеран, четворица загинати

Четворица работници загинале, а 11 биле повредени откако се урнал тунел кој бил пробиван за време на изградбата на нова метро-станица во главниот град на Иран, Техерен, јавуваат светските агенции. Меѓу загинатите и повредени работници, според извештаите, имало и неколку бегалци од Авганистан. Несреќата била предизвикана од уривање на бетонската конструкција, која паднала врз работниците. Официјални претставници соопштиле дека причина за несреќата...

„Бритиш ервејс“ ги обнови летовите за Техеран

Авион на „Бритиш ервејс“ утринава слета на аеродромот „Имам Хомејни“ во Техеран, со што е прекината суспензијата на авионските линии од Лондон, која траеше цели четири години. Британскиот авиопревозник ќе лета меѓу Лондон и Техеран шестпати неделно, што значи дека двојно ги зголемил летовите во однос на периодот пред октомври 2012 година, кога линијата беше суспендирана. „Бритиш ервејс“ е втората најголема...

Иран поставува ракети кај нуклеарна централа

Иранската војска почна да го поставува противвоздушнен ракетен систем „С-300“ кај подземната нуклеарна постројка „Фордо“, јавија државните медиуми во Иран. На снимките, објавени доцна синоќа на државната телевизија, се гледа како камиони пристигнуваат кај постројката и како ракетните лансери се насочуваат кон небо. Постројката „Фордо“ за збогатување ураниум се наоѓа на околу 100 километри јужно од Техеран. Русија годинава почна да му...

Иран егзекутира 20 сунити

Иранските власти денеска погубија 20 ирански сунити осудени за тероризам, за неколку убиства и за загрозување на националната безбедност, јавуваат иранските државни медиуми. - Тие луѓе убиваа жени и деца. Работеа против безбедноста и убиваа сунитски религиозни водачи во одредени курдски области - изјави јавниот обвинител Мохамед Џавад Монтазери за телевизијата ИРИБ.

Автобус се преврте на северот на Иран, 15 луѓе загинаа

Петнаесет луѓе загинаа, а десетина се повредени при превртување на автобус утрово на северот на Иран. Стотици домашни туристи секој викенд во текот на летото патуваат на северот на земјата заради одмор и рекреација. Иран е меѓу земјите со највисока стапка на сообраќајни несреќи во кои годишно гинат 17.000 луѓе. Најчести причини за несреќите се непочитување на сообраќајните прописи, стари возила...

Триесет повредени при судир меѓу воз и камион во Иран

Најмалку 30 лица се повредени денеска кога приградски патнички воз удри во камион на северот на Иран, јавува иранската државна агенција ИРНА. Несреќата се случила во близина на градот Бехшахер, кој е 350 километри оддалечен од Техеран. Повредените патници се хоспитализирани во Бехшахер, а во несреќата нема загинати. Возачите во руралните делови на Иран често минуваат преку железнички премини, дури и...

Експлозија во метро во Техеран – двајца загинати

Два лица загинаа во експлозија во тунел на подземната железница во Техеран, јави иранската агенција „Фарс њуз“, додавајќи дека во експлозијата е оштетен и гасоводот. Експлозијата се случила рано утринава, додека работници работеле на копање нов тунел. Експлозиите на гас се честа појава во Иран и најчесто се последица на лошите безбедносни мерки.

Министерот Попоски во официјална посета на Иран

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, од денеска престојува во официјална посета на Исламска Република Иран. За време на посетата, министерот Попоски ќе оствари средби со министерот за надворешни работи на Иран, Џавад Зариф, претседателот на Иран, Хасан Рухани, претседателот на Исламското собрание на Иран, Али Лариџани, и со министерот за култура и за исламско водство, Али Џанати. Во рамки...

Јордан го повлече амбасадорот од Иран

Јорданските власти денеска го повлекоа својот амбасадор во Иран на консултации, откако Техеран одбил да се меша во внатрешните арапски парашања, соопшти денеска „ТВ Арабија“. - Јорданскиот амбасадор во Техеран е повикан во земјата на разговори – соопшти јорданското министерство за информирање и додаде дека по склучувањето на спогодбата за иранската нуклеарна програма со големите сили, Техеран изнел ставови кои претставуваат...

Пристигна првиот дел од рускиот ракетен систем во Иран

Иран ја доби од Русија првата испорака на ракетниот систем С-300, соопшти иранското министерство за надворешни работи. - Претходно соопштивме дека без разлика на неколкуте измени што се однесуваат на времето на испорака, договорот ќе се реализира. И денеска соопштувам дека првиот дел од опремата пристигна – рече портпаролот на министерството, Џабери Ансари. Испораката пристигнала преку Каспиското Море. Таа е реализација на...

Иран сака потесна соработка со Европа за бегалската криза

Иранскиот министер за внатрешни работи, Абдул Реза Рахмани-Фазли, ѝ нуди на Европа соработка во совладувањето на бегалската криза. Тој во изјава за новинарите во Виена рече дека бегалците сè повеќе стануваат меѓународна тема и дека досега нема сериозна соработка со Европа. Рахмани-Фазли оцени дека за бегалската криза и за воспоставувањето мир во регионот е неопходна „колектива соработка“ и додаде дека сè...

Иран тестираше уште две балистички ракети

Иранската револуционерна гарда денеска тестирала две балистички ракети во рамки на воената вежба која се одвива на северот за Иран. Како што јавуваат иранските медиуми, ракетите погодиле цели во југоисточниот дел на земјата, оддалечени 1.400 километри. Иранската државна агенција ИРНА вчера соопшти дека иранските вооружени сили извршиле нови тестирања на балистички ракети, кои имале цел да демонстрираат моќ со тенденција за...

Иран лансираше шест балистички ракети

Иранската револуционерна гарда за време на воените вежби лансирала неколку балистички ракети, јави новинската агенција ИРНА. Ракетите се лансирани во текот на ноќта од неколку позиции во земјата, а на видеоснимката што ја објави државната агенција се гледаат ракети во подземни силоси, а потоа блесоци светлина. Ракетите демонстрираат моќ со тенденција за заплашување и за покажување подготвеност на Иран да се...

Српски државјанин низ Македонија шверцувал мигранти од Пакистан и од Иран

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднел кривична пријава против 36-годишниот српски државјанин Н.Х., во чие возило полицијата вчера открила 33 илегални мигранти од Пакистан и од Иран, информира МВР. Според пријавата, српскиот државјанин се товари за криумчарење мигранти. Тој вчера, околу 18.45 часот, бил предаден во истражниот затвор „Скопје“, откако судија на претходна постапка му одредил мерка притвор од...

Иран доби пристап до имот вреден 100 милијарди долари

Иран денеска соопшти дека сега има пристап до имот вреден повеќе од 100 милијарди долари, кој беше замрзнат во странство поради санкциите кои се укинати со договорот за нуклеарната програма на оваа земја. Портпаролот на владата, Мохамед Багхер Нобахт, рече дека парите се акумулирани во банките во Кина, Индија, Јапонија, Јужна Кореја и во Турција откако во 2012 година се...

Рохани: Клучното решение е во Вашингтон, а не во Техеран

Иранскиот претседател, Хасан Рохани, денеска изјави дека неговата прва посета на Европа по потврдата дека Техеран ги исполнил обврските предвидени со договорот за нуклеарната програма, покажала дека постојат „големи можности“ за економска, академска, научна и за културна соработка, оценувајќи дека „двете страни се наоѓаат во добитна ситуација“, по неколку години на загуби поради санкциите. Говорејќи на прес-конференцијата на третиот ден...

Рим ги цензурираше голите статуи за време на посетата на Рохани

Голите антички статуи во Рим денеска беа прекриени за време на посетата на иранскиот претседател Хасан Рохани на Италија, јавија локални медиуми. Бројни портали, меѓу кои и оние на весниците „Ла република“ и „Кориере дела Дера“, објавија фотографии од неколку поставки во музејот „Капитолини“ кои целосно биле прикриени со бели панели. Во музејот „Капитолини“ доцна синоќа Рохани и италијанскиот...

Папата го повика Иран да помогне во борбата против тероризмот

Папата Франциск се сретна со иранскиот претседател Хасан Рохани и ги повика Иран и другите блискоисточни земји да соработуваат во воспоставувањето мир и во запирањето на ширењето на тероризмот и на шверцот на оружје во регионот. „Се разговараше за важната улога која Иран е повикан да ја одигра, заедно со другите земји во регионот, во наоѓање адекватно политичко решение за проблемите што го...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...