fbpx

Рохани: Клучното решение е во Вашингтон, а не во Техеран

-

Иранскиот претседател, Хасан Рохани, денеска изјави дека неговата прва посета на Европа по потврдата дека Техеран ги исполнил обврските предвидени со договорот за нуклеарната програма, покажала дека постојат „големи можности“ за економска, академска, научна и за културна соработка, оценувајќи дека „двете страни се наоѓаат во добитна ситуација“, по неколку години на загуби поради санкциите.

Говорејќи на прес-конференцијата на третиот ден од својата посета на Рим, Рохани изјазил надеж дека таков развој на настани може да има и во САД, но оти американскиот Конгрес стои на тој пат.

– Клучното решение е во Вашингтон, а не во Техеран – додаде Рохани.

Претседателот на Иран ја завршува својата посета на Рим, по што ќе престојува во Париз, во рамки на европската турнеја по укинувањето на санкциите кон Техеран.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЦИВИЛ бара заштита на децата од пропагандата: Политичката злоупотреба да престане веднаш!

Не смее да се дозволи децата да бидат жртви на политиката и странските злонамерни пропагандни операции. Политичките партии и нивните поддржувачи мораат да дадат придонес за заштита на децата,...