fbpx

Рохани во Хавана на средби со браќата Кастро

-

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска во Хавана се сретна со актуелниот и со поранешниот претседател на Куба, Раул Кастро и Фидел Кастро.

Рохани за време на еднодневната посета на Куба разговарал со 90-годишниот Фидел Кастро. Тој имал одвоена средба и со Раул Кастро, кој го презеде водењето на земјата од својот постар брат во 2006 година.

Рохани допатувал на Куба по самитот на неврзаните во Венецуела, а на пат на седницата на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Тој рече дека сакал да ја посети комунистичката „пријателска и револуционерна земја“.

Техеран го осудуваше американското ембарго против Куба, а Хавана го поддржуваше иранското право на цивилна нуклеарна програма.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...