fbpx

Триесет повредени при судир меѓу воз и камион во Иран

-

Најмалку 30 лица се повредени денеска кога приградски патнички воз удри во камион на северот на Иран, јавува иранската државна агенција ИРНА.

Несреќата се случила во близина на градот Бехшахер, кој е 350 километри оддалечен од Техеран. Повредените патници се хоспитализирани во Бехшахер, а во несреќата нема загинати.

Возачите во руралните делови на Иран често минуваат преку железнички премини, дури и на места каде нема соодветна сообраќајна сигнализација.

Во сообраќајни несреќи во Иран годишно гинат околу 17.000 лица.

Големиот број на жртви е резултат на непочитување на сообраќајните прописи, старите возила и на несоодветното давање брза помош.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.