fbpx

Иран лансираше шест балистички ракети

-

Иранската револуционерна гарда за време на воените вежби лансирала неколку балистички ракети, јави новинската агенција ИРНА.

Ракетите се лансирани во текот на ноќта од неколку позиции во земјата, а на видеоснимката што ја објави државната агенција се гледаат ракети во подземни силоси, а потоа блесоци светлина.

Ракетите демонстрираат моќ со тенденција за заплашување и за покажување подготвеност на Иран да се спротивстави на заканите, наведува ИРНА.

Во извештајот не се прецизира колкав е дометот на ракетите ниту, пак, се откриваат повеќе детали.
Иран во октомври лансираше нов тип балистичка ракета земја-земја до долг домет, што беше прва проба по историскиот договор за нуклеарната програма на Техеран со шесте светски сили, постигнат минатото лето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...