Два лица загинаа во експлозија во тунел на подземната железница во Техеран, јави иранската агенција „Фарс њуз“, додавајќи дека во експлозијата е оштетен и гасоводот.
Експлозијата се случила рано утринава, додека работници работеле на копање нов тунел.
Експлозиите на гас се честа појава во Иран и најчесто се последица на лошите безбедносни мерки.