fbpx
Таг: Иран

таг: Иран

Иран да престане да ги финансира терористите, порача Трамп од Тел Авив

Американскиот претседател Доналд Трамп за време на посетата на Израел изјави дека Иран мора да престане да поддржува „терористи и милиции“ и дека никогаш не смее да поседува нуклеарно оружје. - Најважно е дека САД и Израел можат во еден глас да објават дека на Иран никогаш не смее да му биде овозможено да поседува нуклеарно оружје – никогаш –...

Реформистите победија на локалните избори во Иран

Реформистичките кандидати освоија најмногу гласови на локалните избори во Техеран, после победата на умерениот Хасан Рохани на претседателски изборите во Иран. Иранската државна телевизија денеска објави дека Мохсен Хашеми Рафсанџани, син на поранешниот претседател Акбар Хашеми Рафсанџани, освоил повеќе од 1,7 милиони гласови. Резултатите значат дека реформистите можат да го сменат градоначалникот на Техеран, Мохамед Багер Калибаф, кој е приврзаник на...

Најмалку двајца загинати и седумдесетина затрупани во рудник во Иран

Најмалку двајца загинати, десетици повредени и седумдесетина затрупани рудари, е досегашниот епилог на експлозијата во рудник за јаглен во Североисточен Иран, јавуваат светските медиуми. Досега од рудникот Земестанјорт кај градот Азадсхар во провинцијата Голестан се извлечени 26 рудари, а десетици сè уште под земја. Според властите, дошло до екплозија на насобран метан. Неколку од спасувачите биле извлечени на површината откако почнале...

Поплавите во Иран усмртија 17 лица

Најмалку 17 лица загинаа, а 20 се водат како исчезнати во поплавите во Иран кои се последица на поројните дождови. Како што објави иранската државна телевизија, загинатите се од северозападниот дел на земјата, односно од градовите Ајабшир и Азаршар. Екипи на Црвената полумесечина, полицијата, војската и здравствени работници од раните утрински часови му помагаат на загрозеното население.

Ахмадинеџад повторно се кандидира за претседател на Иран

Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска ја поднесе својата кандидатура за претседателските избори во мај, и покрај советот од ајатолахот Али Хамнеи да не го прави тоа. По поднесувањето на кандидатурата, Ахмадинеџад на новинарите им соопшти дека така му помага на својот некогашен потпретседател и близок соработник, Хамид Бахаеи. Ахмадинеџад претходно изјави дека нема да се кандидира затоа што врховниот лидер...

Земјотрес го погоди Иран

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска го потресе североисточниот дел на Иран. Како што објави американскиот геолошки институт, земјотресот е регистриран на 76 километри југоисточно од градот Машада. Земјотресот е регистриран на длабочина од 13 километри, а засега нема извештаи за жртви или за причинета материјална штета.

Иранскиот претседател во посета на Москва

Претседателот на Иран, Хасан Рохани, денеска во Москва ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, а глвна тема на разговорите, според најавите, треба да бидат војната во Сирија и економската соработка, јавуваат светските агенции. Рохани, кој во својата прва посета на Москва пристигна вчеравечер, веќе имаше средба со рускиот премиер, Дмитриј Медведев. По состанокот тој изразил надеж дека неговата...

Нова рунда преговори за Сирија во Казахстан, бунтовниците најавија бојкот

Во Астана, главниот град на Казахстан, денеска почнува новата рунда мировни преговори за Сирија, кои, како што јавуваат странските агенции, ќе бидат бојкотирани од сириските бунтовнички фракции. Портпаролот на сириската вооружена опозација, Осама Абу Заид, изјавил дека одлуката за бојкот е донесена бидејќи не се почитуваат ветувањата за прекин на огнот во Сирија, кој на иницијатива на Русија и на...

Иран со контрамерки, нема да издава визи на Американци

Официјален Техеран нема да издава визи на државјани на САД сè додека Вашингтон одбива да издава визи на Иранци, соопшти денеска ирачкиот заменик-министер за надворешни работи, Маџид Тахт-Раванчи, и додаде дека новиот указ на претседателот Доналд Трамп е ништожен од судска гледна точка. Шефот на иранската дипломатија истакна дека забраната за визи за Американци ќе трае сè додека трае забраната...

Иран го повика амбасадорот на Турција на разговор

Министерството за надворешни работи на Иран го повика на разговор турскиот амбасадор во Техеран, Хакан Текин. Амбасадорот е повикан поради негативните коментари на турскиот премиер Бинали Јилдрим на безбедносната конференција во Минхен. Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, Бахрам Хаземи, денеска изјави дека неговата земја би можела да го изгуби трпението доколку Турција продолжи да изнесува „саркастични забелешки на сметка...

Соборен неидентификуван дрон над Техеран

Иранската противвоздушната одбрана соборила неидентификувано беспилотно летало над Техеран, јавија локалните медиуми. Граѓаните на главниот ирански град слушнале силна стрелба на единиците за противвоздушна одбрана во западниот дел на градот. Првичните информации укажуваат дека дејствувале единиците поставени кај техеранскиот универзитет, кои гаѓале неидентификувано летало. Видеоснимката што ја објавија одредени медиуми прикажува летало кое е соборено. https://twitter.com/Conflicts/status/820988144539430913

Сирија: Бунтовниците го замрзнаа учеството во разговорите за решавање на конфликтот

Сириските бунтовнички групи соопштија дека одлучиле да ги замрзнат разговорите за нивно учество во мировните преговори за Сирија, кои треба да се одржат во Казахстан, сè додека сириските сили и нивните советници не престанат да го кршат примирјето. Бунтовничките групи, како што јавуваат светските агенции, во соопштението наведуваат дека територијалното напредување на војската и на милицијата, кои имаат поддршка од...

Трамп: Израел не смее да биде третиран со презир и со непочитување

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, денеска, во пресрет на говорот на државниот секретар Џон Кери за израелско-палестинскиот судир, порача дека не смее да се дозволи Израел да биде „третиран со таков презир и непочитување“. „Имаа (Израел, н.з) голем пријател во САД, но не повеќе. Почетокот на крајот беше ужасниот договор со Иран и сега ова (Обединетите нации)! Остани силен Израел,...

Обама одби да го потпише законот за продолжување на санкциите кон Иран

Американскиот претседател во заминување, Барак Обама, одби да го потпише законот за продолжување на санкциите кон Иран, но дозволи да стане закон без негов потпис. Синоќа на полноќ истече рокот за потпишување на законот за продолжување на санкциите кон Иран. Белата куќа соопшти дека се очекувало американскиот претседател да го потпише законот. Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест, изјави дека Обама...

Нема да му дозволиме на Трамп да го поништи договорот со Иран, порача Рохани

Иран нема да дозволи новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, да го поништи договорот за нуклеарната програма, кој земјата го потпиша со светските сили, соопшти иранскиот претседател Хасан Рохани. - Сака да направи многу работи, но ниту една од неговите акции нема да ни наштетат... Дали мислите дека САД можат да го поништат договорот? Дали мислите дека нашиот народ ќе...

Американскиот Сенат за 10 години го продолжи законот за санкциите кон Иран

Американскиот Сенат синоќа одлучи да го продолжи за уште десет години законот кој на властите во САД им возможува да воведат санкции кон компаниите што соработуваат со Иран. Со 99 гласови „за“, сенаторите го поддржаа предлог-законот за обновување на санкциите, откако Конгресот тоа го стори минатиот месец. Конгресмените сметаат дека законот ќе ѝ овозможи на американската администрација да го казни Иран доколку...

Директорот на ЦИА до Трамп: Не чепкај го договорот со Иран и внимателно со Русија

Директорот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Бренан, го предупреди новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, дека ставањето крај на договорот меѓу САД и Иран за нуклеарната програма на Техеран би било „катастрофално“ и „врв на глупоста“. Ваквиот став, Бренан го истакнува во интервју за „Би-би-си“, во кое исто така го советува Трамп да биде претпазлив во односите со...

Петмина загинати во пад на ирански хеликоптер

Пет лица загинаа во пад на ирански хеликоптер кој се урна во Карипско Море, соопшти државната иранска телевизија. Пронајдени се телата на четворицата членови на екипажот и на еден цивил, како и делови од хеликоптерот, но засега не се знае причината за падот. - Причината за падот на авионот ќе ја знаеме кога ќе ја пронајдеме црната кутија – велат официјални владини...

Триесетина загинати во судир на два воза во Иран

Најмалку 31 лице загинаа, а повеќе од 70 се повредени при судир на два воза во Иран, јавија локалните власти на северната покраина Семнан. Отворена е истрага за да се утврди причината за несреќата која се случила на станицата Хафт-Кан во градот Шахруд, околу 400 километри источно од Техеран. - Бројот на мртвите се зголеми на 31 лице, но очекуваме и...

Вашингтон размислува за продолжување на санкциите, Техеран се заканува со контрамерки

Продолжувањето на американските санкции кон Иран за уште десет години ќе го прекрши договорот за нуклеарната програма на таа земја, изјави врховниот лидер, ајатолах Хамеј. Тој предупреди дека Техеран ќе преземе контрамерки доколку се одобрат санкциите. - Актуелната влада на САД го прекрши договорот повеќепати. Продолжувањето на санкциите, секако, доколку бидат одобрени, сигурно ќе му наштети на договорот за иранската нуклеарна програма...