fbpx

Нова рунда преговори за Сирија во Казахстан, бунтовниците најавија бојкот

-

Во Астана, главниот град на Казахстан, денеска почнува новата рунда мировни преговори за Сирија, кои, како што јавуваат странските агенции, ќе бидат бојкотирани од сириските бунтовнички фракции.

Портпаролот на сириската вооружена опозација, Осама Абу Заид, изјавил дека одлуката за бојкот е донесена бидејќи не се почитуваат ветувањата за прекин на огнот во Сирија, кој на иницијатива на Русија и на Турција стапија на сила кон крајот на декември минатата година.

Преговорите во главниот град на Казахстан ги организираат Русија и Иран, кои ги поддржуваат сириските власти, и Турција, која е на страната на бунтовниците.

Ова е втора рунда преговори во Астана од почетокот на годинава, но засега нема конкретни резултати.

Сирискиот претседател Башар ал-Асад во пресрет на преговорите изјави дека за иднината на земјата ќе се одлучува по „пресметката“ со екстремистите и по националното помирување.

Министерството за надворешни работи на Казахстан соопшти дека на новата рунда преговори Русија ќе ја претставува специјалниот пратеник на претседателот Владимир Путин, Александар Лаврентијев, а Иран – заменик-шефот на дипломатијата, Хосеин Џабери Ансари.

Според весникот „Ал Ватан“ близок до властите во Дамаск, делегацијата на сириската влада ќе ја предводи сирискиот амбасадор во Обединетите нации, Башар ал Џафари.

На состанокот се повикани и претставници на САД и на Јордан, како и специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...