Петмина загинати во пад на ирански хеликоптер

Пет лица загинаа во пад на ирански хеликоптер кој се урна во Карипско Море, соопшти државната иранска телевизија.

Пронајдени се телата на четворицата членови на екипажот и на еден цивил, како и делови од хеликоптерот, но засега не се знае причината за падот.

– Причината за падот на авионот ќе ја знаеме кога ќе ја пронајдеме црната кутија – велат официјални владини лица.

Хеликоптерот е во сопственост на Националната нафтена иранска компанија и тој превезувал пациент од нафтената платформа „Амир Кабир“, кога исчезнал на половина милја од платформата.

Нафтената платформа „Амир Кабир“ е на 250 километри оддалеченост од крајбрежјето на Карипското Море, каде се извлекува нафта од вода на длабочина од 1.000 метри.