fbpx
Таг: Иран

таг: Иран

ОН ја затвораат истрагата за Иран

Одборот за нуклеарни прашања на Обединетите нации, составен од 35 земји-членки, денеска одлучи да ја затвори истрагата за тоа дали Иран се обидел да дојде до атомско оружје и одлучи да го поддржи меѓународниот договор со Техеран, соопштија неименувани дипломатски извори. Речиси две недели откако Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) го поднесе извештајот во кој се наведува дека Иран...

Иран: Со распоредување на војската, Турција ја става под закана регионалната безбедност

Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Хосеин Амир Абдолахиан, вчера во интервју за телевизијата „Прес“ изјави дека Турција ја става под закана регионалната безбедност со распоредувањето трупи во Северен Ирак. - Овој чекор на владата на Турција не само што нема да помогне да се порази тероризмот, туку и ќе доведе до хаос и ќе ја стави под закана безбедноста на...

Иран: Со нови договори за експлоатација на нафта до инвестиции од 30 милијарди долари

Иран ги менува условите и начинот на склучување договори со странските енергетски компании, заинтересирани за иранските нафта и гас, во обид да привлече нови инвестиции во висина од околу 30 милијарди американски долари, јавуваат светските медиуми. Како што пренесува „Би-Би-Си“, условите во новите договори за експлоатација на нафта ќе бидат многу поповолни за странските инвеститори на кои ќе им биде...

Амано: Иран почна да ја редуцира нуклеарната активност

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Јукио Амано, денеска изјави дека Иран почнал да ја редуцира својата нуклеарна активност, во согласност со договорот со шесте светски сили, но дека не може да гарантира дека земјата прави сè според договорот. Говорејќи пред одборот на МААЕ, кој го сочинуваат претставници на 35 земји, Амано додаде дека не може да се утврди дека...

Русија му испорача на Иран ракетен систем С-300

Русија, според претходно потпишаниот договор, почна процедура за снабдување на Иран со ракетен систем С-300, изјави иранскиот амбасадор во Москва, Мехди Санаеи. - Иран и Русија потпишаа нов договор и почната е процедурата за испорака на ракетниот систем С-300 – рече Санаеи за иранската агенција „Тасним“. Иран и Русиjа на 9 ноември потпишаа договор за Москва да му испорача на Техеран...

Се урна странски дрон во Иран

Странско беспилотно летало за набљудување вчера се урнало во југозападниот дел на Иран, јави денеска иранската новинска агенција „Фарс“. Дронот се урнал во предградие на градот Шус, кој се наоѓа во близина на границата со Ирак. Засега не се открива дали дронот е соборен ниту, пак, на која земја припаѓа.

Прв ирански претседател во посета на Европа по 16 години

Иранскиот претседател Хасан Рохани утре ја почнува посетата на Италија и на Франција. Ова е прва посета од ирански претседател на Европа по 16 години изолација. Официјалната посета е организирана благодарение на спогодбата за надзор на иранската нуклеарна програма, потпишана меѓу Техеран и западните земји. Претходно, последната посета на Европа ја направи реформаторот Мохамед Хатами во 1999 година, како прв...

Саудиска Арабија: Иран мора да го прифати заминувањето на Асад од власт

Саудска Арабија порача дека Иран мора да прифати оти заминувањето од власт на претседателот Башар ал-Асад е дел од решението за конфликтот во Сирија. Овие забелешки денеска ги соопштил саудискиот министер за надворешни работи, Адел ал-Џубеир, во пресрет на министерскиот состанок во Виена за наоѓање решение за граѓанската војна во Сирија. Џубеир за „Би-Би-Си“ вели дека „нема сомнежи дека Асад мора да си...

Џон Кери бара ставање крај на „пеколот“ во Сирија

Соединетите Американски Држави (САД) ги интензивираат дипломатските напори за ставање крај на „пеколот“ на граѓанската војна во Сирија и покрај зголемувањето на нејзината поддршка на умерените бунтовници, изјавил американскиот државен секретар, Џон Кери, пренесува „Би-Би-Си“. Кери патува за Виена, на состанокот посветен на ставањето крај на четири и полгодишниот конфликт во Сирија. На состанокот ќе учестуваат министрите за надворешни работи...

Иран прозван поради тестирањето проектили

САД, Велика Британија, Франција и Германија синоќа го повикаа одборот за санкции на Советот за безбедност на ОН да преземе мерки против Техеран, за кој сметаат дека со неодамнешните тестирања на проектили ја прекршил забраната на ОН. Во писмото покрај податоците за лансирањето, се наведува дека балистички проектили се способни да испорачаат нуклеарно оружје. „Веруваме дека овие податоци ќе му помогнат...

Стапи на сила договорот за иранската нуклеарна програма

Меѓународниот договор околу иранската нуклеарна програма, кој на 14 јули оваа година, во Виена, го постигнаа Иран и групата пет постојани членки на Советот за безбедност на ОН (Кина, Русија, САД, Франција и Велика Британија) плус Германија, од денеска стапува на сила. Со усвојувањето на договорот, сега сите инволвирани земји треба да почнат со реализација на преземените обврски. Според договорот, пренесува...

Техеран демантира: Руски ракети не паднале на територија на Иран

Наводите дека руски ракети, испукани кон Сирија од Каспиското Море, паднале на територија на Иран се лага и претставуваат дел од „психолошката војна“, изјави денеска иранскиот воен командант Муса Камали, додавајќи дека Западот сигурно ќе ги објавел доказите доколку ги поседувал. - Да имаше потврди дека руски ракети паднале на иранска територија, за тоа би имало и докази, а тоа...

ИД зазеде неколку села во Сирија

Исламска држава во ненадеен напад во провинцијата Апело на северот на Сирија зазела повеќе села, тврдат активистите на Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. Според податоците на организацијата, најновото напредување на ИД е најзначајно во последните неколку месеци. Нападот е извршен по големата офанзива на сириската војска во централните провинции, со поддршка на руските воздухопловни сили. Во меѓувреме, иранската...

Спротивни информации за падот на руските ракети во Иран

Четири руски крстосувачки ракети испукани кон Сирија, паднале на иранско тло, изјави неименуван американски претставник. Тој не соопшти дали ракетите предизвикале штета ниту, пак, изнесе детали за тоа каде паднале. Русија веднаш ја демантираше информацијата. - Секој експерт знае дека во текот на таквите операции точно се одредува метата пред и по нападот. Сите наши ракети ги погодиле своите мети – рече портпаролот...

Ајатолахот забрани понатамошни преговори меѓу Иран и САД

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Хаменеи, забрани какви било понатамошни преговори меѓу Иран и САД, речиси три месеци откако Техеран го потпиша договорот за нуклеарната програма со Западот. Ајатолахот истакнал дека низ преговорите, Американците настојувале да влијаат врз Иран и оти има наивни луѓе во Иран кои не го разбираат тоа. Политичкиот договор со светските сили, кој е постигнат во јули, се...

Иран ја обвини Саудиска Арабија за запоставување на луѓето кои оделе во Мека

Иран бара од Саудиска Арабија да вложи поголем напор во потрагата по 344 верници кои сè уште се водат како исчезнати, а се државјани на Иран. Станува збор за верници кои се водат како исчезнати по човечкото стампедо што настана на аџилакот во градот Мина во близина на Мека на 24 септември. Според иранските надлежни служби, досега имаат податоци за 136 загинати...

Рохани: Иранската војска е најдобрата сила за справување со терористите во регионот

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека војската на неговата земја е „најдобрата сила во борбата против терористите во регионот“. Рохани, за време на воената парада во земјата, рече дека војската е подготвена да им помогне на Ирак и на Сирија во борбата против милитантите на Исламска држава, додавајќи дека Техеран нема никакви воени претензии кон овие земји. - Терористите се шират во...

Сенатот го одбри договорот за нуклеарната програма на Иран

Американскиот претседател Барак Обама го оцени како историски чекор исходот од гласањето на Сенатот за договорот за иранската нуклеарна програма. Во Сенатот, кој има 100 члена, против одлуката за одбивање на спогодбата за иранската нуклеарна програма гласаа 40 демократи и двајца независни сенатори, што е за еден глас повеќе од најмалиот број гласови потребни за спречување на усвојувањето на предлогот. -...

Иран очекува укинување на сите санкции

Иранскиот врховен духовен водач Али Хаменеи денеска изјави дека светските сили со договорот за нуклеарната програма на Иран мораат да ги укинат санкциите кон неговата земја, а не само да ги суспендираат. Ајатолахот Хаменеи во обраќањето пред групата свештеници рече дека „нема да има договор“ ако не се укинат санкциите. Иран и шесте светски сили (САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и...

Обама обезбеди поддршка во Сенатот за договорот за нуклеарната програма на Иран

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Барак Обама, ја доби потребната поддршка од членови на Сенатот за договорот за нуклеарната програма помеѓу Иран и шесте светски сили, чија имплементација, како што се предвидува, треба во голема мера да придонесе за геополитичкиот пејзаж на Блискиот Исток, пишуваат медиумите во САД. Сенаторката Барбара Микулски денеска објави дека ќе го поддржи...

Џулијан Асанж го доби правото на жалба против екстрадиција во САД

Џулијан Асанж доби дозвола да поднесе нова жалба против неговата екстрадиција во САД, каде е обвинет за објавување воени тајни, и ќе може да ги оспори гаранциите на САД...