fbpx
Таг: Иран

таг: Иран

Русија: Непотребен е развојот на американскиот ракетен штит

Русија не гледа причина поради која САД би требало да продолжи со реализација на планот за поставување ракетен штит во Европа, откако во јули е склучен договорот за иранската нуклеарна програма, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, додавајќи дека Москва очекува американскиот Конгрес да го потврди договорот со Иран. - Се надевам дека Конгресот ќе ја усвои...

Обама за „Би-Би-Си“: Законите за оружје во САД се мојата најголема фрустрација

Претседателот на САД, Барак Обама, во интервју за британскиот национален медиумски сервис „Би-Би-Си“, изјавил дека неуспехот да го спроведе законот за контрола на носењето оружје во САД е најголемата фрустрација во неговиот претседателски мандат. Во интервјуто, Обама рекол дека е вознемирувачки тоа што нема прогрес по ова прашање и покрај тоа што земјата „се соочува со масовни убиства што се...

Средба на претседателот Иванов со амбасадорот на Иран во земјава

Претседателот Ѓoрге Иванов денеска остварил средба со амбасадорот на Исламска Република Иран во земјава, Саид Садег Мохамади, соопштија од кабинетот на Иванов. Како што информираат оттаму, на средбата Иванов го поздравил постигнатиот договор на Иран со петте постојани членки на Советот за безбедноста на Обединетите нации (ОН) и со Германија за иранската нуклеарна програма, оценувајќи го „како историски позитивен чекор‎...

Укинувањето на санкциите кон Иран, најрано за половина година

Американскиот државен секретар, Џон Кери, изјави дека почетокот на укинувањето на санкциите кон Иран може да се очекува најрано за половина година. Во ексклузивно интервју за „Гласот на Америка“, Кери истакна дека „постојат одредени работи кои мора да ги направат Техеран и Меѓународната агенција за атомска енергија“. Пред укинувањето на санкциите, за спогодбата која е постигната на 14 јули, треба...

Иранскиот нуклеарен договор пред американскиот конгрес

Американската администрација вчера го испрати нуклеарниот договор со Иран во Конгресот, со што почнува 60-дневниот рок за носење одлука, за која интензивно ќе лобираат и заговорниците и противниците на договорот. Портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби, рече дека во согласност со законот, нуклеарната спогодба, постигната во вторникот меѓу Иран и шесте светски сили, испратена е во Конгресот на разгледување. „Тоа значи...

Единаесет загинати во поплавите во Иран

Најмалку 11 лица загинаа во поплавите што настанаа по обилните дождови што ги зафатија планинските предели во Иран. Поплавите ги зафатија подрачјата кај Техеран, Алборз и кај Кавзин, а меѓу жртвите има и еден кинески државјанин. Иранската новинска агенција ИРНА јави дека водата однела околу 20 автомобили со патници. Поплавите во планинските предели на Иран се честа појава поради непрекинатото градење куќи во близина...

Обама го брани договорот со Иран

Претседателот на САД застана во одбрана на договорот што го постигнаа големите светски сили со Иран и ги повика тие што го критикуваа, американскиот конгрес и Израел, да предложат ново решение што ќе го спречи Техеран да произведе атомска бомба. - Ралноста е дека постојат две алтернативи, дипломатски начин или сила, односно војна – рече Обама вчера, еден ден откако за иранската нуклеарна...

Лавров: Можна е голема коалиција против Исламска држава

Спогодбата за иранската нуклеарна програма, која е постигната меѓу Техеран и големите сили, овозможува да се отстранат „препреките“ за формирање „голема коалиција“ против групата Исламска држава, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Нормализирањето на ситуацијата со Иран овозможува да се решат „низа проблеми и судири во регионот“ и ќе има „позитивно влијание на ситуацијата во целина“, додаде Лавров. - Спогодбата...

Башар ал Асад очекува поголема поддршка од Техеран

Сирискиот претседател Башар ал Асад изјави денеска дека неговиот регионален сојузник Иран, по склучувањето на договорот со светските сили, ќе го зголеми заложувањето за „праведни цели“ и ќе ја зголеми поддршката на Дамаск во борбата против бунтовниците. Техеран испрати воени советници во Сирија, а борците од групата Хезболах и другите полицајци се вклучија во судирите на страна на Асад, против...

Нетанјаху: Договорот со Иран е тешка грешка од историски пропорции

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го критикуваше историскиот договор што го постигнаа светските сили и Иран, нарекувајќи го „тешка грешка од историски пропорции“. - Иран ќе добие сигурен пат кон нуклеарното оружје. Многу рестрикции кои требаа да ги спречат да го постигнат тоа, сега ќе бидат укинати. Иран ќе добие џекпот, парично богатство од сто милијарди долари, кои ќе им овозможат да...

Постигнат нацрт-договор со Иран за нуклеарната програма

Во Виена е постигнат нацрт-договор меѓу Иран и шесте големи сили за иранската нуклеарна програма, јавуваат светските медиуми, повикувајќи се на дипломатски извори. Нацртот предвидува инспекторите на Обединетите нации да имаат пристап до сите сомнителни ирански локации, вклучувајќи ги и воените. Агенцијата „Ројтерс“ наведува дека станува збор за нацрт-договор, кој не е конечен и кој би можел да биде дополнет пред...

Нетанјаху: Светските сили ќе го прифатат нуклеарниот договор со Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека светските сили ќе го прифатат нуклеарниот договор со Иран по секоја цена. - Ако концесиите продолжуваат дури и по повиците за смрт на Америка во Техеран, тогаш е јасно дека некои сакаат да постигнат договор по секоја цена. Да не беа нашите напори во изминатите години, Иран би натрупал нуклеарно оружје. Нашата одлучност да...

Преговарачите бараат нов рок за договор со Иран

Претставниците на шесте светски сили и Иран, по маратонските преговори, денеска побараа продолжување на крајниот рок за постигнување договор за да се постигне историска спогодба за иранската нуклеарна програма. - Сè е на маса. Сега е време за одлука – изјави францускиот министер за надворешни работи, Лоран Фабиус, по 15-дневните деликатни разговори. Новиот краен рок за постигнување договор е 13 јули, а двете...

Нема договор за иранската нуклеарна програма

Нема договор во преговорите за иранската нуклеарна програма во Виена. Пробиен е и вториот рок за постигнување договор, а разговорите, најверојатно, ќе продолжат в петок. Сите учесници во преговорите на групата пет плус еден (САД, Велика Британија, Кина, Франција и Германија) изјавија дека сè уште има длабоки разлики и засега нема знаци за решавање на спорното прашање. Целта на преговорите е да...

Иран и светските сили наскоро би можеле да постигнат договор

Маратонските преговори меѓу претставниците на светските сили и на Иран би можеле наскоро да завршат со постигнување договор, оцени Сергеј Рјабков, рускиот преговарач за прашањето на Иран. - Не можам да предвидам уште колку време ќе биде  потребно за да се реши таа ситуација, но сите страни се со став дека тоа ќе биде во следните денови - изјави тој. Според Рјабков, текстот за...

Средба на Кери и на Лавров во Виена

Средба на американскиот државен секретар Џон Кери со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров е најавена за денеска во Виена. Кери и шефовите на дипломатиите на Иран, Британија, Франција и на Германија се во Виена, каде заедно со претставници на Европската унија, Русија и на Кина е на разговори за контроверзната иранска нуклеарна програма. Денеска е конечен рок за постигнување спогодба,...

Уапсен поранешниот потпретседател на Иран

Властите во Техеран го уапсиле поранешниот потпретседател Хамид Багхаеи под засега неразјаснети обвиненија, јави иранската новинска агенција. Судскиот портпарол, Голамхосеин Мохсени Еџеи, само е цитиран во делот каде потврдува дека Багхаеи е уапсен на 8 јуни. Никакви други детали не се откриени. Багхаеи бил потпретседател во мандатот на Махмуд Ахмадинеџад и бил задолжен за извршни работи. Во јануари уште еден од замениците...

Нови санкции за Иран

Шесте светски сили денеска го усогласија механизмот за повторно воспоставување санкции на Обединетите нации кон Иран, ако Техеран повторно ги прекрши одредбите од идниот нуклеарен договор. Договорот на шесторката, САД, Велика Британија, Франција, Германија, Русија и Кина, е чекор кон можниот договор со Иран и покрај препреките, како што е оневозможување на претставниците на ОН да ги посетат иранските воени...

Русија сè уште нема план кога ќе му го испорача оружјето на Иран

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, изјави дека сè уште нема договор за испорака на противвоздушниот систем „S -300“ на Иран. Претходно шефот на иранската дипломатија, Хусеин Амир-Абдолахаин, рече дека наскоро може да се очекува испорака на руското оружје на Техеран. Русија во 2010 година ги замрзна плановите за испорака на системот „S-300“ на Иран поради санкциите на ОН,...

Почнува судењето на новинарот на „Вашингтон пост“ во Иран

Во Иран почнува судењето на новинарот на „Вашингтон пост“, обвинет за шпионажа, кој е во притвор веќе 20 месеци. Џејсон Резаин, кој има американско и иранско државјанство, е обвинет за оддавање информации на „непријателски влади“. Уредникот на „Вашингтон пост“ го опиша судењето како срамно и ја осуди одлуката судењето да не биде јавно. Резаин би можел да биде осуден на затворска казна...

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...