fbpx

Средба на Кери и на Лавров во Виена

-

Средба на американскиот државен секретар Џон Кери со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров е најавена за денеска во Виена.

Кери и шефовите на дипломатиите на Иран, Британија, Франција и на Германија се во Виена, каде заедно со претставници на Европската унија, Русија и на Кина е на разговори за контроверзната иранска нуклеарна програма.

Денеска е конечен рок за постигнување спогодба, но некои претставници најавија дека би можело да има неколкудневно продолжување.

Шесте светски сили сакаат да ја ограничат иранската нуклеарна програма бидејќи постои страхување дека Техеран се обидува да дојде до атомска бомба.

Иран го демантира тоа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...