fbpx

Лавров: Можна е голема коалиција против Исламска држава

-

Спогодбата за иранската нуклеарна програма, која е постигната меѓу Техеран и големите сили, овозможува да се отстранат „препреките“ за формирање „голема коалиција“ против групата Исламска држава, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Нормализирањето на ситуацијата со Иран овозможува да се решат „низа проблеми и судири во регионот“ и ќе има „позитивно влијание на ситуацијата во целина“, додаде Лавров.

– Спогодбата особено дава аргументи за формирање зона без оружје за масовно уништување од Блискиот Исток. Русија сега може да ја зајакне соработката со Иран во доменот на воена технологија за борба против екстремизмот во регионот – рече Лавров.

Спогодбата за иранската нуклеарна програма ја ограничува продажбата на оружје во тек на пет години, но Лавров изјави дека некои испораки можат да бидат направени со специјални дозволи од Советот за безбедност на ОН.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...