fbpx

Русија сè уште нема план кога ќе му го испорача оружјето на Иран

-

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, изјави дека сè уште нема договор за испорака на противвоздушниот систем „S -300“ на Иран.

Претходно шефот на иранската дипломатија, Хусеин Амир-Абдолахаин, рече дека наскоро може да се очекува испорака на руското оружје на Техеран.

Русија во 2010 година ги замрзна плановите за испорака на системот „S-300“ на Иран поради санкциите на ОН, но во април годинава претседателот Владимир Путин ја тргна забраната за извоз на оружје.

Ваквиот чекор наиде на остри критики во САД и во Израел.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...