fbpx

Во кулоарите на лидерската средба: Папата, Саше и „разделбата“ Ахмети – Тачи

-

Дали поради заканите на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, дека нема да седне на преговарачка маса на третата лидерска средба без да бидат пуштени сите новинари или поради нешто друго, Саше Ивановски – Политико денеска беше присутен на новиот состанок во Клубот на пратениците.

Тој ја имаше „честа“ и прв да му постави прашање на премиерот Никола Груевски, а тоа гласеше: Премиере, се исповедавте ли кај папата за сите гревови? Груевски го премолча прашањето, но Саше не застана тука, па малку го декоцентрираше Илија Димовски со прашањето: Дали Груевски ќе даде некогаш интервју на критички медиум освен во „куртонските“ дупки?

Секако, Димовски се заблагодари на прашањето и побара „да се задржи нивото“.

Инаку, еден од главните куриозитети на средбата беше тоа што лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи, на паузата не седеа заедно, како што тоа беше случај на претходните две лидерски средби. Секако, тоа не мора да значи дека тие ги заладиле односите. Всушност, шпекулациите говорат дека, напротив, двајцата имаат заедничка агенда на преговорите. Можеби нивната „разделба на паузи“ се должи на руморењата дека ДУИ со тоа сака да ѝ помогне на ДПА на сметка на крилото кое се отцепи и замина со градоначалникот на Струга, Зијадин Села.

Третиот момент кој, секако, не можеше да остане незабележан на денешната лидерска средба е присуството на заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, во екипата на Заев.

Рената Десковска, која досега на двете лидерски средби му беше десна рака на Заев, денеска не беше присутна.

Можеби тоа значи дека преговорите, сепак, имаат некоја нагорна позитивна насока, ако сакаме да судиме според позициите на придружбата на Заев. Имено, Шекеринска е заменик-претседателка, а Рената Десковска е потпретседателка на партијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руските трупи влегоа во воздушната база во Нигер каде се стационирани американски војници

Рускиот воен персонал влезе во воздухопловната база во Нигер каде се сместени американски војници, по одлуката на нигерската хунта да ги протера американските сили од земјата, пишува Гардијан. Воените офицери...