fbpx

Нови санкции за Иран

-

Шесте светски сили денеска го усогласија механизмот за повторно воспоставување санкции на Обединетите нации кон Иран, ако Техеран повторно ги прекрши одредбите од идниот нуклеарен договор.

Договорот на шесторката, САД, Велика Британија, Франција, Германија, Русија и Кина, е чекор кон можниот договор со Иран и покрај препреките, како што е оневозможување на претставниците на ОН да ги посетат иранските воени објекти.

Нуклеарните преговори на Иран со шесторката почнаа кон крајот на 2013 година, а на почетокот на април постигнат е рамковен договор, кој треба да биде финализиран до крајот на јуни, според кој Техеран се обврзува дека значително ќе го намали бројот на центрифуги во замена за суспензија на санкциите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност во рамки на Министерството за финансии на денешната седница донесе одлука за враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност на нивото од пред...