fbpx

Ајатолахот забрани понатамошни преговори меѓу Иран и САД

-

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Хаменеи, забрани какви било понатамошни преговори меѓу Иран и САД, речиси три месеци откако Техеран го потпиша договорот за нуклеарната програма со Западот.

Ајатолахот истакнал дека низ преговорите, Американците настојувале да влијаат врз Иран и оти има наивни луѓе во Иран кои не го разбираат тоа.

Политичкиот договор со светските сили, кој е постигнат во јули, се смета за политичка победа на умерените сили во Иран, на чело со претседателот Хасан Рохани. Сепак, ајатолахот никогаш јавно не го одобрил договорот.

– Преговорите со САД отвораат врата за нивно економско, културно, политичко и безбедносно влијание. Дури и во текот на преговорите, тие се обидувале да им наштетат на националните интереси, кога имале шанса за тоа – наведе Хаменеи на својата официјална веб-страница.

Коментарите на ајатолахот се директно спротивни со политиката на иранскиот претседател, кој тежнее кон нормализација на односите на Техеран со Западот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...