fbpx

Русија ќе почне да ги гради новите реактори во Иран

-

Русија следната недела ќе почне да ги гради двете нуклеарни електрани во Иран, соопшти денеска заменик-директорот на иранската aгенција за атомска енергија, Бехруз Камалванди, додавајќи дека иранската нуклеарна индустрија пораснала со помош од странство.

Русија минатата година постигна договор со Иран за градење дополнителни два реактора во првата цивилна нуклеарна електрана во близина на градот Бушер.

Рускиот министер за индустрија и за трговија, Денис Мантуров, претходно денеска изјави дека Моска ја разгледува можноста следната година на Иран да му даде заем во износ од пет милијарди долари.

– Говориме за обезбедување државен кредит, со гаранција од иранската влада – наведе Мантуров.

Прелиминарните документот за заемот беа потпишани кон крајот на ноември, за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Техеран.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палевски екстрадиран во Македонија, ќе се одмотува клопчето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Со комерцијален лет од Истанбул, Турција на „Туркиш ерлајнс“, во 19.30 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје беше екстрадиран Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничен за двете монструозни убиства, на...