fbpx

Спречен напад во францускиот град Орлеан

-

Француската полиција спречила двајца мажи во извршување напад врз припадници на полицијата и на војската во градот Орлеан, соопшти денеска министерот за внатрешни работи, Бернар Казнев.

Двајцата Французи, на возраст од 20 и од 24 години, се наоѓаат на распит, рече Казнев и додаде дека се верува оти двајцата одржувале контакти со други Французи за кои се мисли дека во моментов се наоѓаат во Сирија, а кои се осомничени за организирање заговори.

Во соопштението, министерот навел дека дури 10 напади се спречени годинава во Франција.

Последната серија терористички напади во Франција беше извршена на 13 ноември во Париз, при што беа убиени 130 лица, а ранети повеќе од 350.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сатирична објава – личните документи ќе се менуваат и по смената на власта

Граѓаните со стари патни исправи со името Република Македонија не може да патуваат и да ги поминат македонските гранични премини. МВР информираше дека оние граѓани кои имаат двојно државјанство...