fbpx

Иран: Ријад поттикнува тензии по прекинот на дипломатските односи

-

Саудиска Арабија го користи нападот на својата амбасада во Техеран како изговор за поттикнување тензии, соопшти денеска иранското министерство за надворешни работи.

Официјален Ријад го прекина дипломатските односи со Иран по погубувањето на шиитскиот свештеник, шеикот Нимр ал Нимр и својата одлука ја објави синоќа, еден ден откако демонстрантите ја уништија нејзината амбасада во Техеран.

Во соопштението се истакнува дека Иран го штити своите дипломатски мисии во странство.

– Иран дејствуваше во согласност со своите дипломатски обврски за контрола на поширокиот бран на емоционално реагирање на својот народ. Саудиска Арабија ја користи ситуација за да го оправда порастот на тензиите – соопшти портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, Хосеин Џабери Ансари.

Тој додаде дека иранските дипломати сè уште ја немаат напуштено Саудиска Арабија.

Саудискиот министер за надворешни работи, Адел ал Џубеир, додаде дека иранските дипломатите во рок од 48 часа мора да ја напуштат Саудиска Арабија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нема докази дека Зеленски купил вила од британскиот крал Чарлс Трети за 20 милиони долари

EUvsDisinfo пишува дека, „ниту еден сериозен медиум не објави за ова неосновано тврдење, кое се ширеше исклучиво од про-Кремљ профили и сметки на социјалните мрежи“.  Единствениот извор за оваа...