fbpx

Меѓународната заедница ги укина санкциите за Иран

-

Иран се враќа на светската економска сцена откако Соединетите Американски Држави, Европската унија и Обединетите нации ги укинаа санкциите против земјата. Овој чекор следува по објавата на Меѓународната агенција за атомска енергија дека Иран ги исполнил сите обврски од договорот со меѓународната шесторка за иранската нуклеарна програма, склучен во јули минатата година.

Изразувајќи огромно задоволство во обраќањето до нацијата во парламентот во Техеран, претседателот Хасан Рохани порача дека во наредните месеци договорот ќе биде во целост имплементиран.

По објавувањето на веста за укинување на санкциите кон Иран, синоќа во Виена, американскиот државен секретар, Џон Кери, високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, и шефот на иранската допломатија, Мохамад Џавад Зариф, оценија дека станува збор за историски важен договор со кој се гарантира безбедноста на светот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...