fbpx
Таг: Ирак

таг: Ирак

Турција бомбардираше курдски позиции во Ирак

Турски борбени авиони „Ф-16“ денеска бомбардираа позиции на припадниците на Работничката партија на Курдистан (ПКК) на југоистокот на Турција, откако милитантите убиле војници во тоа подрачје, соопшти турската војска. Судирите меѓу турските трупи и милитантите, кои имаат бази во планинските предели во Ирак, станаа секојдневни откако минатиот месец беше прекинато двегодишното примирје. Борците на ПКК утринава, во 7.05 часот, отвориле оган...

Киднапирани 16 турски работници во Багдад

Засега непознати маскирани лица, облечени во униформи, киднапирале 16 турски работници и инженер во Багдад, соопшти денеска ирачкото министерство за внатрешни работи. Киднапирањето се случило во североисточниот дел на Багдад, соопшти портпаролот на министерството, Сад Мад. Киднаперите в зори го нападнале караванот, во кој спиеле градежните работници. Минатата година припадниците на Исламска држава киднапираа 46 државјани на Турција, но по три месеци...

ИД ја презеде одговорноста за нападот во Багдад

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот на пазарот во багдадскиот квартот Садр. Засега се пронајдени околу 60 тела, а бројот и понатаму се зголемува. Повредени се повеќе од 200 лица. Камион со бомба е поставен во центарот на еден од најпрометните пазари во Багдад. Бомбата експлодирала и убила најмалку 60 лица, а десетина се во животна опасност. Службите за спасување...

Повеќе од 50 загинати и 89 ранети во бомбашки напад на пазар во Багдад

Повеќе од 50 лица загинале во бомбашки напад што утрово се случил на пазар во Багдад, соопштиле ирачките власти, јавуваат светските агенции. Според информациите, нападот бил извршен на пазарот Јамела во Садр Сити, област во североисточниот дел на ирачката престолнина. Како што јавуваат агенциите, според првичните информации на полицијата и на болничките служби, во експлозијата се убиени најмалку 58 лица, а...

Ирак: 14 загинати во судирите на војската со припадници на ИД

Најмалку 14 лица загинаа во судирите на ирачките безбедносни сили со припадници на Исламска држава во Анбар и во Салахудин, соопштија ирачките воени власти, додавајќи дека ирачките сили на копно биле поддржувани и од воздухопловните сили. Локалните медиуми јавуваат дека најжестоки борби изутринава се воделе во Сидикија и во Тал Машејда, источно од градот Рамади, при што загинале тројца ирачки...

Ирак доби борбени авиони „Ф-16“ од САД

Ирак денеска доби нова пратка авиони „Ф-16“ од САД, соопшти канцеларијата на премиерот Хајдер ал Абади. Ирак нарача 36 авиони по цена од 65 милиони долари по летало, но иницијалната испорака беше одложена од безбедносни причини, откако Исламска држава минатата година зазеде голем дел од Ирак. Четири авиони слетале во воздухопловната база Балад, соопшти офицер на ирачкото воздухопловство. Испораката е објавена на денот...

Ирачки авион по грешка фрли бомба врз Багдад

Дванаесет лица загинаа откако ирачки воен авион случајно испуштил бомба над Багдад. Портпаролот на војската, Ман Ибрахим, изјави дека техничка грешка довела до тоа авионот, марка „сухој“, да се расипе и да испушти бомба. Авионот, кој е еден од неколкуте „сухои“ што ги користат ирачките сили во борбата со милитантите од Исламска држава, се враќал во базата кога се случил инцидентот.  

Воздушни напади на сириската војска во Алепо

Сириската авијација нападна положби на бунтовниците во Алепо, како одговор на нивната офанзива која имала цел да воспостави контрола врз целиот град. Борбите се воделе во утринските часови, соопштија од Опсерваторијата за човекови права со седиште во Лондон. Во соопштението се наведува дека бунтовниците зазеле неколку згради во предградие во Алепо, но кои не се од стратегиско значење. Дел од Алепо е...

СЗО предупредува дека мора да ги затвори болниците во Ирак

Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека можеби ќе мора да затвори дел од својата мрежа на 77 болници, во кои им се пружа помош на луѓето што бегаат од своите домови поради нападите на милитантната група Исламска држава (ИД), јавуваат светските медиуми. На почетокот на јуни, Обединетите нации (ОН) предупредија дека ќе бидат принудени да редуцираат половина од своите хуманитарни операции, за...

Пропаганда на ИД на џиновски екрани

Екстремистите на Исламска држава во ирачкиот град Рамади поставиле џиновски телевизиски екрани кои се користат за да се прикажуваат видеоснимки во кои најавуваат дека ќе заземаат уште ирачки територии. На снимките се прикажани и нивните воени операции во Ирак и признанија на заробените војници. Напорите на ирачката влада, предводена од шиитите и од нивните американски сојузници, да се стави крај на...

ИД ја зазеде браната на реката Еуфрат

Припадници на Исламска држава го зазеле патот кон браната на реката Еуфрат и го прекинале дотурот на свежа вода, со што стекнале предност за битки што ги планираат, јавуваат светските медиуми, додавајќи дека со ова се загрозува хуманитарната ситуација во Ирак. Запирајќи го протекот на вода, милитантите полесно ќе ја преминат реката и ќе можат да ги нападнат провладините сили во ирачката...

Во Ирак и во Сирија се убиени повеќе од 10.000 милитанти

Заменикот на американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, изјави дека од почетокот на воздушните напади против екстремистичката Исламска држава се убиени повеќе од 10.000 милитанти во Ирак и во Сирија. Во интервју за француско радио, Блинкен предупреди дека без разлика на напредокот во борбата против милитантите, групата и понатаму е „многу прилагодлива и може да преземе иницијатива“. - На почетокот на кампањата...

Абади: Сојузниците не прават доволно во борбата против ИД

Ирачкиот премиер Хајдeр Абади денеска ја обвини меѓународната коалиција дека не прави доволно во борбата против џихадистичката организација Исламска држава (ИД) и оти клучните членови, како што е Саудиска Арабија, не го спречуваат приливот на странски борци. - Искрено говорејќи, потребна е голема политичка ангажираност на коалиционите држави. Потребно е објаснување зошто има толку многу терористи од Саудиска Арабија, Персискиот...

На Ирак му се потребни 500 милиони долари за хуманитарни акции

Хуманитарните организации побараа да се соберат 500 милиони долари за Ирак, соопшти денеска УНИЦЕФ, во пресрет на меѓународниот состанок во Париз посветен на ситуацијата во Ирак и во Сирија. - Хуманитарната ситуација во Ирак се приближува до катастрофа! Итно ни се потребни дополнителни средства за да продолжиме да работиме во земјата – рече претставникот на УНИЦЕФ во Ирак, Филип Хефлинк. Според податоците...

Ексхумирани 470 тела од масовна гробница кај Тикрит

Ирак ексхумирал 470 тела за кои се смета дека се масакрирани минатата година во близина на Тикрит, соопшти министерката за здравство, Адила Хамоуд. Масакрот го доби името по базата Спејчер, кај Тикрит, од која во јуни 2014 година џихадистите на Исламска држава киднапираа стотина млади, претежно шиитски регрути. Ирачките власти проценуваат дека околу 1.700 лица се убиени при офанзивата на Тикрит...

Почна акција за протерување на ИД од Анбар

Ирачката државна телевизија објави дека почнале операциите кои треба да ги избркаат милитантите на Исламска држава од провинцијата Анбар, каде групата претходниот месец го презеде главниот град Рамади. Телевизијата соопшти дека ирачката армија е потпомогната од шиитските и од сунитските паравоени сили. Почетокот на акција доаѓа еден ден по повиците на американскиот заменик-претседател Џо Бајден и на ирачкиот премиер Хајдар ал-Абади. Бајден...

ОН: Од Рамади побегнале 25.000 лица

Околу 25.000 лица побегнале од ирачкиот град Рамади откако го нападнаа милитантите на Исламска држава, а повеќето тргнале кон главниот град Багдад, соопштија од Обединетите нации. Средствата за помош на луѓето што избегале од Рамади исчезнуваат, а резерви речиси и да нема, наведе канцеларијата на ОН за координација на хуманитарната помош во Ирак. Претходно, портпаролот на Белата куќа, Ерик Шулц, изјави дека падот...

ИД го зазеде Рамади

Околу 500 цивили и ирачки војници загинаа во изминатите неколку дена, додека се водеа жестоките борби за контрола над градот Рамади, кој синоќа падна во рацете на џихадистите на Исламска држава, соопшти портпаролот на ирачката провинција, Анбар Муханах Хајмур. Тој соопшти дека околу 8.000 лица го напуштиле градот по првиот егзодус во април, кога, според официјалните податоци, Рамади и околните...

ИД се закани дека ќе ја крене во воздух рафинеријата во Баиџи

Џихадистичката организација ја минирала најголемата ирачка нафтена рафинерија во градот Баиџи и се закани дека ќе ја крене во воздух доколку ирачките безбедносни сили се обидат да преземат контрола врз градот. Телевизијата „Ал Арабија“ јавува дека припадниците на ИД ископале ровови и поставиле експлозив покрај неколку резервоари за природен гас и за водород. Доколку го активираат, целиот објект ќе биде уништен.

ИД уби 24 Ирачани во Киркук

Џихадистите на Исламска држава извршиле масовна ликвидација на 24 Ирачани во провинцијата Киркук. Како што јавуваат светските медиуми, повеќето од егзекутираните мажи биле членови на локалната власт. Ликвидацијата е извршена во местото Заб, на 95 километри од Киркук.

Народната банка додели награди на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството

Народната банка, на денот на монетарната независност, 26 април, ја одржа годишната свеченост за доделување на наградата на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството. Овогодинешниот победник беше Никита...