fbpx
Таг: Ирак

таг: Ирак

Ирачката известувачка служба предупреди на напад од Исламска држава

Ирачката известувачка служба ја предупредила Меѓународната коалиција за борба против Исламска држава на можноста од напади кои само еден ден подоцна се случија во Париз, објави агенцијата „Асошиејтед прес“. Американската агенција наведува дека ирачката известувачка служба до коалицијата испратила депеш во кој е наведено дека еден од лидерите на Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади, наредил напади на земјите што ја...

Дваесет загинати во два бомбашки напади во Багдад

Повеќе од 20 лица се убиени во два бомбашки напади на шиитски светилишта во ирачкиот главен град Багдад, јавуваат локалните претставници. Најмалку 17 лица се убиени во Багдад, кога бомбаш-самоубиец го активирал експлозивот на комеморација на припадник на шиитската милиција, кој загинал во борбите против организацијата Исламска држава. Ирачките претставници изјавуваат дека бомбашкиот напад, за кој никој не ја презел одговорноста, е...

Курдските борци го чистат Синџар од ИД

Курдските сили денеска од сите страни влегуваат во стратегискиот град Синџар, на северот на Ирак, кој Исламска држава го презеде пред повеќе од една година, кога зароби илјадници јазиди, соопшти Курдскиот регионален безбедносен совет. Курдските борци целосно ги пресекле сите линии на комуникација на џихадистите во Синџар и почнале да го чистат градот. Во Синџар се слушаат пукотници, додека курдските борци од...

Офанзива на Курдите против екстремистите на северот на Ирак

Курдските сили во Ирак утринава покренале офанзива против милитантите на Исламска држава за да го преземат северниот градот Синџар, соопштија локалните претставници во Ирак. - Нападот почна рано утринава, курдските борци тргнаа да го ослободат Синџар – изјави неименуван припадник на курдските сили. Синџар се наоѓа на стратегиски важен пат, кој го поврзува Мосул, упориштето на екстремистите во Ирак, со Сирија,...

Меѓународната коалиција изврши 24 напади врз ИД

САД и нивните сојузници извршиле 24 напади на Исламска држава во Ирак и во Сирија, соопшти денеска коалицијата која ја спровела операцијата. Во Сирија вчера се изведени 13 напади во близина на четири града. Погодени се погони за производство на бензин, гас и на нафта, кои биле под контрола на исламистите, се наведува во соопштението. Во Ирак се извршени 11 напади...

Франција го активира својот најголем воен брод во операциите против ИД

Франција го испараќа својот најголем воен брод, носачот на авиони „Шарл де Гол“, како засилување во операциите против Исламска држава (ИД), во Сирија и во Ирак, јавува „Би-Би-Си“. Како што пренесува британскиот национален сервис, неговото активирање во кампањата против ИД ќе го скрати времето што им е потребно на француските борбени авиони за изведување на воздушните напади. Франција се вклучи во...

Путин ги повика курдските сили да формираат сојуз со Сирија и со Ирак против ИД

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска ги повика курдските сили да формираат коалиција со владите на Сирија и на Ирак во борбата против Исламска држава, пренесува „Би-Би-Си“. Зборувајќи на состанок во Сочи, Путин, исто така, рекол дека Русија е многу блиску да почне со размена на податоци со Западот за позициите на милитантите во Сирија. Тој додал дека терористичката закана претставува можност...

Ослободени 70 курдски заложници во воена операција на САД и на Ирак

Седумдесетина Курди кои биле држени како заложници од милитантите на Исламска држава (ИД) во Ирак, биле ослободени во воена операција што денеска ја извеле сили на Соединетите Американски Држави (САД) и на Ирак, пренесуваат американските медиуми. Според сè уште непотврдени информации, во спасувачката операција загинал еден војник на САД. Воената операција се случила утрово, во близина на градот Хавиџа, во провинцијата Киркук,...

Епидемија на колера во Ирак

Минатиот месец во Ирак се потврдени 1.600 случаи на заболување од колера, додека хуманитарната ситуација во земјата се влошува и на повеќе од 8,6 милиони лица им е потребна помош, соопштија Обединетите нации. Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања наведува дека главна причини за епидемијата на колера се расипаните водоводни системи и недоволното количество хлор за прочистување на водата. Последната...

Ирак: Војската ги протерала милитантите од Беиџи

Ирачките безбедносни сили ги протерале милитантите на Исламска држава од градот Беиџи, во кој се наоѓа најголемата нафтена рафинерија во Ирак, јавуваат странските медиуми. Портпаролот на генералштабот на ирачката војска, бригадниот генерал Јахија Расол, ја потврди информација. Милитантите го освоија Беиџи за време на офанзивата во јуни 2014 година.

Коалициските сили денеска извеле 23 напади врз позиции на ИД во Ирак и во Сирија

Коалициските сили предводени од Соединетите Американски Држави (САД) денеска извршиле 18 воздушни напади на позиции на Исламска држава (ИД) во Ирак и на пет во Сирија, соопшти командата на здружените сили, јавуваат светските агенции. Според информациите, во Ирак биле гаѓани девет градови, вклучувајќи ги Синџар, Мосул, Кисик и Рамади. Во нападите било уништено тешко оружје, борбени позиции и возила на...

Ирачките сили го бомбардирале конвојот на лидерот на ИД

Воздухопловните сили на Ирак денеска го бомбардирале конвојот на лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ел Багдади, во западната провинција Анбар, соопшти ирачката војска. Засега не се знае каква е судбината лидерот на терористичката организација, која прогласи калифат на подрачјата што се под контрола на ИД. Во соопштението се наведува дека бомбардирано е и местото во Карбала, каде Багдади денеска требало да...

Сирија го попречувала летањето на турските воени авиони

Два сириски авиона и ракетен систем земја-воздух од база во Сирија го попречувале летот на три турски авиони „Ф16“ кои патролирале на турско-сириската граница, соопшти денеска турската војска. Турските авиони вчера исчезнале на две минути од радарот како последица на пречките од ракетниот систем, а поради сириските авиони „СУ-22“ и „СУ-24“ две минути и 35 секунди летале под радарот. Турција минатиот...

ИД киднапирла 200 жители на Киркук

Џихадистичката терористичка организација Исламска држава зароби повеќе од 200 жители на ирачката провинција Киркук, поради нивната соработка со ирачките владини сили, јавува иранската агенција „Фарс“. Припадниците на ИД ги обвиниле заробениците дека на курдските сили за самоодбрана „пешмерга“, на милицијата „Ал Хашд ал Шааби“ и на ирачките сили за безбедност им откривале каде се наоѓаат старешините на терористичката организација. Киднапирањето доаѓа откако...

ИД ликвидирала 70 лица во Ирак

На западот на Ирак, милитантите на Исламска држава погубиле околу 70 припадници на сунитско племе, кое е сојузник на владата, соопштија племенските водачи и ОН. Жртвите, припадници на племето Албу Нимр, се погубени во близина на Тартар, северно од Рамади, главниот град на покраината Анбар, а биле татковци и браќа на припадниците на полицијата, војската и на племенските борци што се...

Русија, ако треба, ќе ја нападне ИД и во Ирак

Русија ќе ја разгледа можноста за проширување на воздушните напади против терористите во Сирија и на Ирак, доколку прими такво барање од Багдад, изјави претседателката на долниот дом на рускиот парламент, Валентина Матвијенко. Сепак, Матвијенко додаде дека официјална Москва засега нема добиено такво барање. Русија, пред шест дена, покрена воени операции против Исламска држава во Сирија, а руското министерство за одбрана...

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Басра

Џихадистичката милитантна организација Исламска држава денеска ја презеде одговорноста за вчерашниот напад со автомобил-бомба во шиитскиот ирачки град Басра, во кој загинаа најмалку 10 лица. ИД преку твитер-профил кој е поврзан со групата соопшти дека го извршила вчерашниот напад, кој беше дел од низата бомбашки акции ширум Ирак, во кои загинаа најмалку 56 лица. Засега не е проверена автентичноста на соопштението,...

Турција бомбардираше позиции на ПКК во Ирак

Турските воени авиони во текот на минатата ноќ бомбардираа мети на милитантите од Работничката партија на Курдистан во северниот дел на Ирак, соопштија турски безбедносни извори. Ова е последен во серијата напади откако Турција тргна да се пресметува со милитантите. Изворот наведува дека повеќе од 15 авиони од полноќ до пет часот наутро гаѓале мети на ПКК во Кандила, Запа и...

Американски функционери тврдат: ИД користи хемиско оружје во Сирија и во Ирак

Властите на Соединетите Американски Држави (САД) сè повеќе се убедени и веруваат дека милитантите на Исламска држава (ИД) прават и користат хемиско оружје во Ирак и во Сирија, изјавил за „Би-Би-Си“ функционер на САД. Според информациите, САД идентификувале најмалку четири случаи, на двете страни на ирачко-сириската граница, каде милитанти на ИД користеле иперит (sulfur mustard gas), во форма на прашок. Како...

Како ИД профитира: Артефактите од Палмира веќе се на продажба во Лондон!

Исламска држава (ИД) ги продава статуите, ликовите изработени во камен и фреските што интернационалните дилери на археолошки артефакти ги бараат, ги зема парите, ги предава реликвиите и потоа ги крева во воздух храмовите и градбите од каде потекнуваат за да ги прикрие доказите за тоа што е ограбено. Ова е одговорот што либанско-францускиот археолог Џоан Фарках (Joanne Farchakh) го дава...

Слухот вратен на глуво едногодишно девојче со помош на пионерска генетска терапија

Слухот му беше вратен на дете од Британија, со помош на генетската терапија. Малата Оупал Сенди била дел од клиничко испитување и е првиот човек чиј слух бил вратен...