fbpx

Русија, ако треба, ќе ја нападне ИД и во Ирак

-

Русија ќе ја разгледа можноста за проширување на воздушните напади против терористите во Сирија и на Ирак, доколку прими такво барање од Багдад, изјави претседателката на долниот дом на рускиот парламент, Валентина Матвијенко.
Сепак, Матвијенко додаде дека официјална Москва засега нема добиено такво барање.

Русија, пред шест дена, покрена воени операции против Исламска држава во Сирија, а руското министерство за одбрана соопшти дека мета се воените операции, складиштата за оружје, муниција и за гориво.

Како што рече прес-секретарот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, главна задача на руското воздухопловство во Сирија е борба против тероризмот и поддршка на легитимните сириски власти во антитерористичите напори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...