Богоев: Ако не сега, екстерното ќе се укине во април

-

Денеска на дневен ред во Собранието беше предлогот на опозицијата за измена на Законот за основно образование, поднесен од пратеничката група на опозицискиот СДСМ, со кој се бара укинување на екстерното тестирање.

Пратеникот на СДСМ и претседателот на социјалдемократската младина, Стефан Богоев, рече дека власта се плаши од студените и цел месец не одговара на нивните барања.

– Се плашите од нив, се тресете од нив, зашто се попаметни од вас, поаргуметнирани од вас. Вие ги игнорирате овие луѓе, ја игнорирате иднината. Еве, сега имате шанса да се исперете колку толку за ова. Излезете и извинете им се на студентите, на наставниците, на родителите, на целата стручна јавност, побарајте прошка и гласајте за укинување на екстерното, па можеби ќе се искупите. Поздравете ги пленумците и директно в очи кажете им дали ќе се извадите за она што го направивте и дали ќе гласате за укинување на екстерното тестирање. И од мене поздрав пленумци и бидете сигурни дека екстерното ќе се укине, дали сега, дали во април – рече Богоев.

Олга Најденовска, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ и претседателката на комисијата за образование, наука и спорт, смета дека учениците кои бараат да се укине екстерното тестирање се под влијание на политичките партии.

Според координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески, екстерното тестирање е апсурден, безуспешен и непотребен проект и од него патат и родителите и професорите, а не само учениците.

– Со ова законско решение, изминатите години имаше политчки ревашнизам како да им се наштети на наставниците кои не се ВМРО-ДПМНЕ. Наставниците, учениците, родителите се реално загрижени за оваа тема и вака се осакатуваат цели генерации ученици – рече Сугаревски.

Во руските напади врз Украина загинаа најмалку 10 лица, а десетици беа повредени

Руски беспилотни летала и ракети убија најмалку 10 цивили во Украина во вечерни напади, соопштија локалните власти денеска, а седум смртни случаи се пријавени во главниот град Киев, каде што екипите...

Вработената во Општина Кочани беше повредена со пластично шише

„Вистиномер“ на социјалните мрежи пронајде објавен видеоматеријал на којшто е прикажан инцидентот и на него се гледа дека сите шишиња коишто се поставени на масата за советниците, се пластични, пишува „Вистиномер“ Во...

Иран упати остро предупредување до Трамп: Ќе ја завршиме оваа војна

Иран изјави дека нападот на САД врз нивнитенуклеарни постројки го проширил опсегот на легитимни цели за неговите вооружени сили и го нарекоа американскиот претседател Доналд Трамп „коцкар“ затоа што се приклучил...

Magic: The Gathering карта од новата едиција на Final Fantasy доби обид за продажба по цена од 50.000 долари

Картата „Golden Traveling Chocobo“ доби обид за продажба од 50.000 долари на eBay. Се работи за најнов кросовер помеѓу Magic: The Gathering и Final Fantasy серијалот, едицијата што излезе на 13...

Во руските напади врз Украина загинаа најмалку 10 лица, а десетици беа повредени

Руски беспилотни летала и ракети убија најмалку 10 цивили во Украина во вечерни напади, соопштија локалните власти денеска, а седум смртни случаи се пријавени во главниот град Киев, каде...