Лидерот на ИД ранет при воздушни напади во Ирак
јануари 20, 2015
Лидерот на екстремистичката сунитска групата Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади, е повреден за време на воздушните напади на коалицијата предводена од САД, соопшти ирачкиот премиер, Хајдер ал Абади. Ирачките медиуми јавуваат дека Ал Багдади е ранет за време на бомбардирањето цели на ИД на границата меѓу Сирија и Ирак, но дека го преживеал нападот.