fbpx

Како ИД профитира: Артефактите од Палмира веќе се на продажба во Лондон!

-

Исламска држава (ИД) ги продава статуите, ликовите изработени во камен и фреските што интернационалните дилери на археолошки артефакти ги бараат, ги зема парите, ги предава реликвиите и потоа ги крева во воздух храмовите и градбите од каде потекнуваат за да ги прикрие доказите за тоа што е ограбено.

Ова е одговорот што либанско-францускиот археолог Џоан Фарках (Joanne Farchakh) го дава на прашањето зошто ИД ги уништува до темел најзначајните артефакти од античката историја во Сирија и во Ирак.

– Антиквитетите од Палмира веќе се на продажба во Лондон. Предмети од Сирија и од Ирак, одземени од ИД, веќе се наоѓаат во Европа. Тие повеќе не се во Турција каде првично се носат, одамна се изнесени оттаму. Зад овие уништувања се кријат приходите на Исламска држава, која ги продава артефактите пред да ги уништи храмовите – ја пренесува британски „Индипендент“ изјавата на Фарках.

Според археологот, уништувањето на храмовите е за да се сокрие што се е украдено, да се уништат доказите.

– Така никој нема да знае што сè е однесено, ниту што е уништено – вели Фарках.

Според неа, во случајот со Палмира, на пример, Исламска држава не го уништува целиот храм оддеднаш и не го прикажува тоа во една видеоснимка и за тоа има и посебна причина.

Фарках смета дека колку што подолго трае уништувањето, толку повеќе се зголемува цената на предметите на меѓународниот пазар на артефакти.

Археологот вели дека, како што стојат работите, освен за заработка и за финансирање, ИД ги користи археологијата и историјата во политички цели, но со поинаква логика од таа на диктаторите.

– Шахот ги користеше урнатините на Персеполис за да ја фалсификува историјата на своето семејство. Садам Хусеин нареди да се стават неговите иницијали на тулите во Вавилон. Оваа банда (ИД) реши да ја промени оваа идеја. Наместо да ја гради својата моќ на археолошките артефакти, таа го прави тоа со уништување на археологијата. Нема да има „пред“ во историјата, ниту „по“. Тие велат „Постоиме само ние“  – вели Фарках.

Таа вели дека секој артефакт од Палмира што го продала ИД е бесценет и додава дека станува збор за бизнис вреден милијарди долари.

– Пазарот ќе земе сè што се нуди и ќе плати колку што треба за него. Исламска држава заработува од секој свој чекор, од секое уништување – тврди Фарках.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...