fbpx

Ирачката известувачка служба предупреди на напад од Исламска држава

-

Ирачката известувачка служба ја предупредила Меѓународната коалиција за борба против Исламска држава на можноста од напади кои само еден ден подоцна се случија во Париз, објави агенцијата „Асошиејтед прес“.

Американската агенција наведува дека ирачката известувачка служба до коалицијата испратила депеш во кој е наведено дека еден од лидерите на Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади, наредил напади на земјите што ја сочинуваат меѓународната коалиција за борба против таа организација, како и на Иран и на Русија.

Известувачката служба на Ирак немала податоци за тоа кога и каде би можело да дојде до напади. Од друга страна, претставник на француските безбедносни служби изјавил дека француската известувачка служба секој ден добива такви информации.

Во организацијата на нападот учествувале 24 лица, меѓу кои 19 биле напаѓачи, а петмина биле задолжени за логистика и за планирање на операцијата.

Во неколку симултани терористички напади, во петокот во Париз настрадаа најмалку 132 лица, а повеќе од 350 се ранети. Тоа е најголем терористички напад во досегашната историја на Франција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палевски екстрадиран во Македонија, ќе се одмотува клопчето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Со комерцијален лет од Истанбул, Турција на „Туркиш ерлајнс“, во 19.30 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје беше екстрадиран Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничен за двете монструозни убиства, на...