fbpx
Таг: Ирак

таг: Ирак

Џафари: ИД загуби голем дел од територијата во Ирак

Екстремистичката група Исламска држава загуби голем дел од територијата што претходно ја контролираше во Ирак, соопшти ирачкиот министер за надворешни работи, Ибрахим ал Џафари, во Техеран. - Терористите зазедоа околу 55 проценти, но во овој момент контролираат само 19 отсто од нашата територија и сведоци сме на нивното повлекување - изјави Џафари, додавајќи дека во Ирак моментно војуваат терористи од сто земји. Ирачките вооружени...

Арапската лига бара Турција да се повлече од Ирак

Арапската лига побара од Анкара веднаш да ги повлече своите војници од Ирак и да го почитува суверенитетот на земјата. Барањето е наведено во заедничката изјава за време на вонредниот состанок на панарапската организација во нејзиното седиште во Каиро, што го свика Ирак за да изврши притисок врз Турција. Министрите за надворешни работи на арапските земји ја повторија осудата за влезот на турските...

Во Рамади речиси се потиснати припадниците на Исламска држава

Ирачките сили полека напредуваат во средиштето на Рамади, потиснувајќи ги и последните припадници на Исламска држава. Борбите се водат околу поранешното седиште на покраинската влада, кое го држи Исламска држава, а се наоѓа во средиштето на градот во кој ирачките сили влегоа во вторникот. Заземањето на зградата ќе биде важна етапа во постапното ослободување на градот, центар на покраината Ал Анбар,...

Ирачките сили зазеле повеќе од 90 отсто од Рамади

Ирачката полиција денеска соопшти дека државните сили зазеле повеќе од 90 отсто од градот Рамади, кој од мај годинава е под контрола на Исламска држава. Коалицијата под водство на САД врши воздушни напади во регионот, а специјално обучени антитерористички единици тргнале од улица во улица да ги потиснуваат џихадистите. Рамади е главен град на провинцијата Анбар, која се наоѓа на повеќе од 100 километри...

Ирачките сили во офанзива за заземање на Рамади од ИД

Вооружените сили на ирачката влада почнале офанзива за преземање на градот Рамади, кој во мај годинава беше заземен од милитантите на Исламска држава (ИД), јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на информации од ирачката влада. Портпаролот на службата за борба против тероризмот, Сабах ал-Нумани, изјавил дека ирачките трупи и припадници на милицијата, со воздушна поддршка, влегле во центарот на градот и напредуваат...

ИД ги спречува цивилите да го напуштат Рамади

Милитантите на Исламска држава ги спречуваат цивилите да го напуштат Рамади во пресрет на нападите што ги планира ирачката армија за да ја врати контролата над овој град, кој исламистите го зазедоа во мај годинава, соопшти портпаролот на ирачкото министерство за одбрана, Насер Нури. - Тие планираат да ги користат жителите на градот како жив штит – додаде Нури. Властите во Багдад ги...

Ирак: При бомбардирање загинаа девет ирачки војници

Девет ирачки војници загинаа кога воени авиони на коалицијата против Исламска држава на чело со САД по грешка изведоа удар на ирачките трупи во близина на градот Фалуџа. - Коалицијата на воздушните сили вчера го покриваа напредувањето на копнените сили во близина на Фалуџа, затоа што ирачките хеликоптери не можеа да полетаат поради лошите временски услови. Конечниот биланс е девет...

Турција: Ирак пречи во единството во борбата против ИД

Претставникот на Турција во Обединетите нации го обвини Ирак дека со своите акции го минира меѓународното единство во борбата против Исламска држава. На вонредната седница на Советот за безбедност на ОН, претставникот на Турција, Халит Чавик, изјави дека Багдад со своите акции го минира меѓународното единство во борбата против ИД. Тој го коментираше обраќањето на шефот на дипломатијата на Ирак, Ибрахим...

Киднапирани 26 катарски ловџии во Ирак

Непознати напаѓачи денеска киднапирале најмалку 26 катарски државјани на нивната база за лов во ирачка пустина, поставена во близина на границата со Саудиска Арабија, соопшти полицијата. Двајца полицајци од Самава го потврдија киднапирањето и соопштија дека безбедносните сили покренале голема потрага. - Вооружената група се возела со десетина камиони и киднапирала најмалку 26 катарски ловџии од нивната база во пустината во...

Исламска држава ќе убива деца со Даунов синдром

Исламска држава издала фатва со која на своите следбеници им налага да ги убива новороденчињата со Даунов синдром, вродени деформации и со други видови инвалидитет, соопшти ирачката активистичка група „Мосулско око“. Одлуката за тоа ја донеле шеријатските судии на ИД, се наведува во соопштението што го пренесе британскиот таблоид „Дејли мејл“. Повеќе од 38 деца родени со деформитети и со Даунов синдром,...

Турција повлече дел од војниците во Ирак

Турција повлече дел од воените сили кои без согласност на ирачките власти ги распореди на северот на Ирак, во близина на градот Мосул, кој се смета за центар на екстремистичката група Исламска држава. Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади во петокот повика на моментално повлекување на турските сили од северот на земјата, додавајќи дека на Иран не му се потребни дополнителни...

Ирачките сили зазедоа голем дел од градот Рамади

Ирачките безбедносни сили денеска успеале под своја контрола да вратат голем дел од градот Рамади, кој во мај годинава го зазедоа припадниците на Исламска држава. Ирачките сили, кои се месеци се обидуваат да го вратат Рамади, успеале да ја освојат населбата Ал-Тамим, што, како што јавуваат ирачките власти, претставува победа над ИД. Рамади, кој се наоѓа западно од Багдад, е центар...

Ал-Џафари: Турција до утре да ги повлече војниците од Ирак

Ирачкиот министер за надворешни работи, Ибрахим ал-Џафари, соопшти дека Турција има рок до утре да ги повлече дополнителните турски сили од Ирак. Ал-Џафари рече ако Турција не ги повлече војниците, Ирак прашањето ќе го постави пред Советот за безбедност на Обединетите нации. Турција наведува дека нејзините војници од минатата година се стационирани во мала база кај ирачкиот град Мосул, во рамки...

Иран: Со распоредување на војската, Турција ја става под закана регионалната безбедност

Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Хосеин Амир Абдолахиан, вчера во интервју за телевизијата „Прес“ изјави дека Турција ја става под закана регионалната безбедност со распоредувањето трупи во Северен Ирак. - Овој чекор на владата на Турција не само што нема да помогне да се порази тероризмот, туку и ќе доведе до хаос и ќе ја стави под закана безбедноста на...

Тринаесет мигранти од Ирак откриени во автомобил во Валандовско

Тринаесет мигранти, со потекло од Ирак, во вторникот вечерта биле откриени како се превезуваат во автомобил, чиј возач побегнал откако полицијата се обидела да го запре возилото. Како што информираат од МВР, случајот бил регистриран во вторникот, околу 20 часот, на локалниот пат меѓу селата Марвинци и Удово, кога полициска екипа се обидела да запре автомобил, марка „мерцедес“. И покрај...

Кери: Нема пораз на ИД без пешадија

Американскиот државен секретар, Џон Кери, предупреди дека за успехот на борбата против Исламска држава се потребни сириски или арапски трупи на терен, затоа што милитантите не може да се поразат само со воздушни напади. - Мислам дека знаеме дека Исламска држава нема да биде целосно поразена со воздушни напади, без испраќање некои трупи на теренот, кои се спремни да се борат против...

Ирачката армија најави акција за враќање на Рамади

Ирачката армија денеска најави операции за враќање на градот Рамади, кој е под контрола на Исламска држава, и ги повика цивилите да го напуштат градот преку неговиот јужен кварт Химајра. Засега не се знае кога точно ќе ја почне операцијата на враќање на контролата во главниот град на провинцијата Анбар. Во меѓувреме, коалицијата, предводена од САД, во саботата изврши седум напади...

Откриена нова масовна гробница кај градот Синџар во Ирак

Масовна гробница во која се наоѓаат телата на најмалку 110 припадници на малцинската етничка група Јазиди била пронајдена во северен Ирак, јавуваат светските медиуми. Гробницата е пронајдена во близина градот Синџар кој до пред десетина дена беше под контрола на Исламска држава (ИД), пред да биде освоен од страна на курдските борци. Милитантите на ИД го зазедоа Синџар во...

Спречен терористички напад на ИД во Ирак

Ирачките безбедносни сили пронашле 18 кукли со експлозив северно од главниот град Багдад. Ирачките медиуми, повикувајќи се на безбедносни извори, јавуваат дека куклите се дело на џихадистичката организација Исламска држава, која планирала да изврши напад за време на претстојниот верски празник на шиитските муслимани. Џихадистите, наводно, планирале да ги расфрлат куклите покрај патот меѓу Багдад и Карбала за време на аџилакот...

ИД дневно произведува по 50.000 барели нафта

Исламска држава произведува меѓу 40.000 и 50.000 барели нафта дневно, изјави Илија Рогачев, шеф на одделот за нови предизвици и за закани при руското министерство за надворешни работи. - Пред една година, експертите рекоа дека Исламска држава произведува околу 30.000 барели дневно, а сега таа бројка е меѓу 40.000 и 50.000 – рече Рогачев во интервју за „Комерсант“. Тој додаде дека...

Успешно одржана првата работилница за прибанкинг во државата

Од 15-17 мај во Охрид се одржа првата работилница за „Прибанкинг“ (prebunking) во С. Македонија, на која десетина млади учесници се запознаа со различни видови превентивни стратегии за спречување...