fbpx

Во Рамади речиси се потиснати припадниците на Исламска држава

-

Ирачките сили полека напредуваат во средиштето на Рамади, потиснувајќи ги и последните припадници на Исламска држава.

Борбите се водат околу поранешното седиште на покраинската влада, кое го држи Исламска држава, а се наоѓа во средиштето на градот во кој ирачките сили влегоа во вторникот.

Заземањето на зградата ќе биде важна етапа во постапното ослободување на градот, центар на покраината Ал Анбар, која припадниците на ИД ја освоија во мај.

Ирачките сили се нааоѓаат на околу 500 метри од владиниот комплекс и напредуваат многу внимателно затоа што улиците и зградите се минирани, а џихадистите држат цивили како жив штит, соопшти ирачки војник.

Портпаролот на меѓународната коалиција рече дека припадниците на ИД пружаат силен отпор.

Се проценува дека во градот има уште околу 400 припадници на ИД.

Ситуацијата во градот е многу тешка затоа што повеќе нема храна во продавниците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...