fbpx

Ал-Џафари: Турција до утре да ги повлече војниците од Ирак

-

Ирачкиот министер за надворешни работи, Ибрахим ал-Џафари, соопшти дека Турција има рок до утре да ги повлече дополнителните турски сили од Ирак.

Ал-Џафари рече ако Турција не ги повлече војниците, Ирак прашањето ќе го постави пред Советот за безбедност на Обединетите нации.

Турција наведува дека нејзините војници од минатата година се стационирани во мала база кај ирачкиот град Мосул, во рамки на мисијата за обука што ја спроведува во координација со владата во Багдад.

Доаѓањето на дополнителни турски војници во петокот предизвика незадоволство во Багдад.

Ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади повеќепати ја повика Турција да ги повлече дополнителните сили, додека повеќе истакнати ирачки политичари оценија дека со тоа е загрозен суверенитетот на земјата.

Турција вчера најави дека дополнителниот ангажман на нејзини војници во Ирак ќе биде запрен сè додека не се надминат стравовите на ирачката влада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.