fbpx

Ирак: При бомбардирање загинаа девет ирачки војници

-

Девет ирачки војници загинаа кога воени авиони на коалицијата против Исламска држава на чело со САД по грешка изведоа удар на ирачките трупи во близина на градот Фалуџа.

– Коалицијата на воздушните сили вчера го покриваа напредувањето на копнените сили во близина на Фалуџа, затоа што ирачките хеликоптери не можеа да полетаат поради лошите временски услови. Конечниот биланс е девет убиени војници, меѓу кои и еден воен официр – рече министерот за одбрана Калед ал-Обаиди.

Ирачката Здружена оперативна команда соопшти дека вчера при таканаречен пријателски оган на американските воени авиони западно од Багдад погинале девет ирачки војници.

Оттаму соопштија дека за време на воздушниот напад имало жртви од двете страни, и кај екстремистите и кај ирачката војска.

Американскиот секретар за одбрана, Еш Картер, изјави дека инцидентот бил „грешка од двете страни“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност во рамки на Министерството за финансии на денешната седница донесе одлука за враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност на нивото од пред...