fbpx

Арапската лига бара Турција да се повлече од Ирак

-

Арапската лига побара од Анкара веднаш да ги повлече своите војници од Ирак и да го почитува суверенитетот на земјата.

Барањето е наведено во заедничката изјава за време на вонредниот состанок на панарапската организација во нејзиното седиште во Каиро, што го свика Ирак за да изврши притисок врз Турција.

Министрите за надворешни работи на арапските земји ја повторија осудата за влезот на турските војници во Ирак.

„Турскиот воен упад во Ирак е очигледно кршење на меѓународното право и на ирачкиот суверенитет“, изјави лидерот на Арапската лига, Набил ал Араби.

Турција испрати контингент од неколку стотина војници и десетина тенкови на северот на Ирак без согласност од Багдад. Како официјална причина, Анкара ја наведе заштитата на своите сили што ги обучуваат курдските сили да се борат против Исламска држава.

Турција на 20 декември објави дека почнала да ги повлекува своите трупи, но шефот на ирачката дипломатија, Ибрахим ал Џафари, вели дека Анкара не ги повлекува своите сили, туку ги распоредува во автономните ирачки курдски региони.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...