Вооружените сили на ирачката влада почнале офанзива за преземање на градот Рамади, кој во мај годинава беше заземен од милитантите на Исламска држава (ИД), јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на информации од ирачката влада.
Портпаролот на службата за борба против тероризмот, Сабах ал-Нумани, изјавил дека ирачките трупи и припадници на милицијата, со воздушна поддршка, влегле во центарот на градот и напредуваат кон главниот владин комплекс.
Градот Рамади се наоѓа на околу 90 километри западно од главниот град на Ирак, Багдад, а беше заземен од ИД во мај годинава, по, како што беше окаратеризиран, срамниот пораз на ирачката армија.