четврток, 16 април, 2026
Meta.mk

Ознака: офанзива | 58 резултати

Нетанјаху одобри планови за масовен напад врз градот Газа, бара преговорите за заложници да бидат под израелски услови

август 22, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одобри планови за масовен напад врз градот Газа на северот од територијата, и покрај широкото меѓународно и домашно противење. Toj изјави дека дал наредба за започнување преговори за ослободување на сите преостанати заложници и крај на војната во Газа, но под услови кои се прифатливи за Израел. Претходно, Хамас се согласи со […]

Палестинци бегаат од Газа, откако Израел ги започна подготовките за заземање на градот

август 21, 2025

Голем број Палестинци бегаат од градот Газа откако израелската војска ги започна првите фази од планираната копнена офанзива, велат официјални лица во градот. Израелските трупи воспоставија упориште на периферијата на градот, кој е дом на повеќе од еден милион Палестинци, по денови интензивно бомбардирање и артилериски оган. Тоа го поттикна генералниот секретар на ОН, Антонио […]

Израел најави дека ќе ги сели жителите на Газа, пред да ја започне офанзивата за заземање на градот

август 17, 2025

Израел најави дека ќе ги сели жителите на градот Газа, пред да ја започне офанзивата која на најави премиерот Бенјамин Нетанјаху. Од денесна на жителите на Газа ќе им бидат обезбедени шатори и друга опрема за да се засолнат, пред да бидат преместени од борбените зони на југ од енклавата за да се обезбеди нивната […]

Нетанјаху очекува окупацијата на градот Газа да биде брза

август 11, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека очекува новата офанзива во Газа да заврши брзо, бидејќи Советот за безбедност на ОН ги повтори барањата за крај на страдањето во палестинската енклава. Нетанјаху, зборувајќи откако неговиот кабинет за безбедност во петокот го одобри многу критикуваниот план за преземање контрола врз градот Газа, рече дека немал друг избор […]

Израел размислува за воена офанзива во Газа, откако пропаднаа преговорите за примирје

август 5, 2025

Бенјамин Нетанјаху ќе го свика својот кабинет за безбедност оваа недела за да одлучи за следните чекори на Израел во Газа по пропаѓањето на индиректните разговори за прекин на огнот со Хамас, а еден висок израелски извор сугерираше дека употреба на поголема сила е една можна опција. Минатата сабота, за време на посетата на земјата, […]

САД најави уште воена помош за Украина, борбите со рускиот агресор на фронтот продолжуваат

ноември 21, 2023

Пентагон ќе испрати дополнителна помош во оружје за Украина, вредна 100 милиони американски долари, најави секретарот на САД за одбрана, Лојд Остин. Оружјето и опремата ќе бидат од активната резерва на САД, а ќе вклучуваат артилерија и муниција за систем за противвоздушна одбрана. Остин информацијата ја соопшти при ненадејната посета на Кијив вчера. Тој допатува […]

Украинската армија почна офанзива против руските сили во регионот Запорижја

јуни 9, 2023

Украинските воени сили почнаа напади врз окупаторските руски сили во клучниот јужен регион Запорижја, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на руски функционери и воени блогери. Тие велат дека украински војници поддржани со тенкови, артилерија и дронови, втора вечер по ред, се обидуваат да напредуваат јужно од градот Орихив. Високопоставен функционер во украинската одбрана тврди дека непријателот […]

Украина ја започна контраофанзивата против руските сили на југот на земјата

август 29, 2022

Украинските сили ја започнаа контраофанзивата на окупираните територии од руските сили на југот на земјата, јавува Ројтерс. Светската агенција посочува дека Украина зборува за контраофанзива на југот на Украина веќе два месеци, додека паралелно речиси секојдневно ракетираше позиции на руската војска и инфраструктурни објекти на окупираните територии. „Денеска ние започнавме офанзивни дејствија во повеќе правци, […]

Украина со контраофанзива на југот, руските сили ја зазедоа втората по големина електрана

јули 28, 2022

Британското Министерство за одбрана во најновиот извештај вели дека украинската контраофанзива на југот на земјата зема замав откако тие успеале да воспостават премин јужно од реката Ингулец, која што ја формира северната граница на регионот Херсон, пишува Гардијан. Украина ја користи новата артилерија со долг дострел за да оштети најмалку три мостови на реката Дњепар, […]

Жестоки напади на руските сили за целосно освојување на Севернодонецк

мај 31, 2022

Украинскиот град Севернодонецк во Луханската област утрово е жестоко нападнат од руските сили во рамките на големата офанзива, и врз градот, но и врз целиот регион се испукуваат артилериски гранати, се вршат и авионски бомбардирања, а дејствуваат и тенкови. Севернодонецк во моментот е „мал џеб“ во територијата што е речиси под целосна контрола на руските […]

Украинските контранапади ја забавуваат руската офанзива на исток, се очекува евакуацијата на граѓаните на Мариупол

април 23, 2022

Руските трупи ја продолжуваат офанзивта во источниот регион Донбас во обид целосно да го заземат индустриското срце на Украина, но постигнаа мал напредок бидејќи жестоките украински контранапади ги забавија нивните напори, изјавија во саботата украинските и британските власти, пренесе Асошиетед Прес. Русија продолжува да се бори за целосна контрола на областите Доњецк и Луганск кои […]

Најмалку 70 украински војници загинаа во руски ракетен напад, се подготвува голем напад на Киев

март 1, 2022

Повеќе од 70 украински војници загинаа во руски ракетен напад, а десетици цивили загинаа во „варварско“ гранатирање, соопштија во вторникот украинските власти, додека огромен руски воен конвој се приближуваше до главниот град Киев. Жестокиот отпор на теренот досега негираше решавачки рани придобивки на рускиот претседател Владимир Путин, откако минатата недела тој го започна најголемиот напад […]

Талибанците ја прогласија војната за завршена, по претседателот на Авганистан, заминуваат и дипломатите

август 16, 2021

Талибанците ја прогласија за завршена војната во Авганистан по преземањето на претседателската палата, откако претседателот Ашраф Гани ја напушти земјата. Припадниците на исламистичкото движење вчера влегоа во Кабул без да наидат речиси на никаков отпор, а Гани замина велејќи дека сака да избегне крвопролевање. Според најновите информации, тој сега се наоѓа во Оман. Во меѓувреме […]

Градежниците ќе одговорат на офанзивната градба на патишта, ако се знаат условите

март 30, 2018

Градежните компании ќе може да ја следат динамиката на офанзивата за изградба на патишта во државата, ако има добар план и организација, одговори на новинарско прашање претседателот на  Градежната комора на Македонија при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Ивица Јаќимовски. – Компаниите имаа капацитет да го спроведат овој план ако има добра организација, основен проект и […]

Хуманитарна катастрофа во Доума, поради голем број на бегалци и недостаток на храна

март 12, 2018

Сирискиот град Доума се соочува со хуманитарна катастрофа, откако стана единствено прибежиште за илјадници луѓе кои бегаат од владините сили кои се во офанзива на Источна Гута, регион кој го контролира опозицијата. Илјадници семејства бараат засолништа по улиците и парковите, имајќи предвид дека засолништата се преполни, а има и недостаток на храна. Силите на сирискиот […]

Офанзива на ирачките сили против последниот град под контрола на ИД

ноември 11, 2017

Ирачките сили денеска покренале офанзива за заземање на Рава, последниот град под контрола на Исламска држава. Заземањето на Рава ќе значи крај на периодот на владеење на ИД над териториите во Ирак и Сирија, заземени во 2014 година. Во офанзивата против милитантите во Рава учествуваат две ирачки пешадиски дивизии и сунитски племенски сили. Сириската војска […]

Исламска држава протерана од најголемото нафтено поле во Сирија

октомври 22, 2017

Паравоените сили што ја имаат поддршката на САД денеска објавија дека го освоиле најголемото нафтено поле во Сирија во офанзивата против милитантите на Исламска држава (ИД) во источниот дел на земјата, јавуваат светските медиуми. Сириските демократски сили соопштија дека утрово ја презеле контролата над нафтеното поле Ал-Омар на источниот брег на Еуфрат. Со воздушна поддршка од […]

Ирачките сили во офанзива во Киркук

октомври 16, 2017

Курдските претставници во Ирак денеска соопштија дека федералните ирачки сили и милицијата, кои имаат поддршка од државата, повеле „голем и повеќекратен напад“ за да го заземат спорниот град Киркук. Регионалниот совет за безбедност на Курдистан соопшти дека курдските пешмерга-сили уништиле најмалку пет возила од типот „хамви“ кои ги користела милицијата, по „неиспровоциран напад“ јужно од градот. […]

Ирачката војска почна офанзива против ИД во близина на границата со Сирија

септември 16, 2017

Ирачката војска почна офанзива за ослободување на градот Акашат од џихадистите на Исламска држава, изјавил денеска генералот Абдул-Амир Рашид Јар Алах, јавуваат агенциите. Според генералот, целта на операцијата е обезбедување на границата со Сирија во подрајчето северно од важниот автопат кој го поврзува Багдад со Сирија и со Јордан. Портпаролот на здружената воена команда, Јахја […]

ИД го напушта сириско-либанскиот граничен регион

август 29, 2017

По еднонеделни борби, конвој со припадници на Исламска држава почна, во согласност со договорот, да ја напушта сириско-либанската граница во придружба на сириската војска. За време на минатите денови, најмалку 11 припадници на либанското шиитско движење Хезболах и седум сириски војници загинаа во офанзива на ИД во западниот сириски регион Каламун, наведе Хезболах. Сириската војска […]

Страна 1 од 3