fbpx
Таг: офанзива

таг: офанзива

Сириската војска убива цивили во Алепо, тврдат ОН

Обединетите нации денеска соопштија дека сириски провладини сили почнале да влегуваат во домови во источните делови во Алепо и да ги убиваат цивилите кои ќе ги затекнат внатре, пренесува „Би-би-си“. Од канцеларијата за човекови права на Обединетите нации, како што наведува британскиот национален сервис, изјавиле дека имаат веродостојни докази дека во четири области 82 цивили биле убиени на самото место. Портпаролот...

Сириската војска контролира 90 отсто од источниот дел на Алепо

Сириската војска утрово зазела уште еден голем кварт во Алепо и сега контролира 90 отсто од источниот дел на овој град, кој од почетокот на војната беше во рацете на бунтовничките сили, соопштила сириската опсерваторија за човекови права, јавуваат светските агенции. Силите на сирискиот претседател Башар ал Асад го зазеле квартот Шеик Саид, во кој вчера се воделе жестоки борби. За...

Ирачката војска зазела четири села североисточно од Мосул

Ирачката војска денеска зазела четири села од милитантите на Исламска држава (ИД), североисточно од градот Мосул, соопшти ирачкиот центар за координација на воените операции, јавуваат светските агенции. На овој начин ирачката војска почна да се приближува кон Мосул од север, додека неколку стотини воени единици влегуваат во градот од источната страна. Најголем дел од борбите во Мосул се одвиваат во источниот...

Сириската војска зазела уште еден кварт во источниот дел на Алепо

Сириската војска зазела уште еден кварт во источниот дел на Алепо, во рамките на големата офанзива за преземање целосна контрола над градот од бунтовничките сили, соопштила денеска сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, јавуваат светските агенции. Силите лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад го зазела квартот Тарик ал Баб и сега контролира 60 отсто од источниот...

Сириската војска ги презеде од опозициските сили клучните делови на Алепо

Сиријските владини сили го зазеле клучниот дел на Алепо, Ал-Сакхур, и со тоа ја вратиле контролата над сите северни области од источниот дел на градот што ги држеа бунтовниците, јавуваат светските агенции. Освојувањето на областа Ал-Сакхур го потврдиле сириската државна телевизија, како и сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. Сириската армија, лојална на претседателот Башар ал-Асад, и нејзините сојузници...

Продолжува офанзивата против ИД во Ирак

Ирачките сили денеска ја продолжија координираната офанзива кон Мосул, последниот поголем град под контрола на Исламска држава, а нивна мета е источниот брег на реката Тигар, која го дели градот на два дела, соопштија властите. Единиците за борба против тероризмот го забавија своето напредување минатата недела откако освоија повеќе територии од другите сили на фронтот, за да овозможат да се...

Сириските бунтовници во офанзива во Алепо

Организациите на сириските бунтовници утринава повеле офанзива од големи размери за да ја пробијат блокадата на сириската влада на источниот дел на Алепо, град на северот на Сирија, кој сега претставува клучна точка на шестгодишните судири. Коалицијата Исламски фронт на социјалната мрежа „Твитер“ наведе дека ултраконзервативната бунтовничка група Ахрар ел сам со ракета го гаѓала воениот аеродром на истокот на...

Ирачката војска пронашла импровизирана фабрика за бомби кај Мосул

Специјалните сили на ирачката војска денеска ја истражиле мрежата од подземни тунели источно од градот Мосул и пронашле импровизиран објект што милитантите на Исламска држава (ИД) го користеле за правење бомби, јавуваат светските агенции. Импровизираната фабрика за бомби била пронајдена во село во близината на Мосул, кое е ослободено во рамките на офанзивата на ирачките сили и на нивните сојузници...

Ирачките Курди почнаа нова офанзива кон Мосул

Силите на ирачките Курди денеска почнаа нова офанзива во рамките на големата операција која ирачката војска заедно со нив ја спроведува за ослободување на градот Мосул од милитантите на Исламска држава, јавуваат светските агенции. Курдските сили, познати како „пешмерга“, соопштиле дека денеска почнале офанзива на два фронта во правец на североисточниот дел на Мосул и во близина на малиот град...

Секретарот за одбрана на САД во ненадејна посета на Ирак

Секретарот за одбрана на Соединетите Американски Држави, Ештон Картер, денеска пристигнал во ненајавена посета на Ирак за да изврши увид во напредокот на офанзивата против милитантите на Исламска држава (ИД) во градот Мосул, јавуваат светските медиуми. Картер, како што пренесува „Би-би-си“, ненадејно пристигнал во Ирак, веднаш по неговите средби со лидерите на Турција во Анкара, на кои било разговарано за вклучувањето...

Ирачките сили ја продолжија офанзивата за ослободување на Мосул од ИД

Ирачката војска денеска ја продолжи офанзивата за ослободување на градот Мосул од милитантите на Исламска држава, напредувајќи источно од градот, јавуваат светските медиуми. Сепак, стравувањата се дека битката за Мосул ќе трае предолго, а Обединетите нации (ОН) веќе изразија загриженост од можна хуманитарна катастрофа за околу 1,5 милион жители на градот. Мосул е втор по големина град во Ирак и...

Последна офанзива против ИД во Сирт

Силите на либиската влада на национално единство ја поведоа последната фаза од офанзивата на преостанатите положби на Исламска држава во Сирт. - Нашите сили влегоа во последните два квартови на ИД во Сирт. Почна последната битка за Сирт – изјави Реда Иса, портпарол на медиумскиот центар на владините сили, кој додаде дека околу 1.000 војници учествуваат во оваа операција. Сирт, кој...

УНИЦЕФ бара да се заштитат децата заробени во борбите во Фалуџа

Агенцијата за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ) ги повика ирачката војска и милитантите на Исламска држава (ИД) да ги поштедат децата во Фалуџа, кои се најранливи меѓу десетиците илјади цивили заробени во екот на борбите во градот, кој се наоѓа на околу 50 километри од Багдад. УНИЦЕФ изразува загриженост за безбедноста на околу 20.000 деца во Фалуџа, од каде само...

Најмалку 20 загинати во напади на трговски центри во Багдад

Најмалку 20 луѓе се убиени во напади на екстремистите извршени денеска во неколку трговски центри во Багдад и околината, соопштија ирачките власти. Засега никој не ја презел одговорноста за нападот, но се претпоставува дека зад него стојат припадници на Исламска држава (ИД). Ирачката војска утрово соопшти дека нивните елитни единици влегле во градот Фалуџа, кој се наоѓа на околу 50 километри...

Ирачките сили влегоа во Фалуџа, во офанзивата против ИД

Елитните сили на ирачката војска утрово почнале да влегуваат во градот Фалуџа, каде почнале операција за истиснување на милитантите на Исламска држава (ИД) од ова нивно упориште, кое се наоѓа на околу 50 километри од Багдад, соопшти командата на операцијата. „Ирачките сили влегоа во Фалуџа со поддршка од воздух на меѓународната коалиција, како и на ирачкото воздухопловство, артилеријата и тенкови“,...

Oфанзива за ослободување на Фалуџа од ИД

Ирак покрена воена операција за освојување на Фалуџа, упориште на Исламска држава (ИД) кое се наоѓа на 65 километри западно од Багдад. - Дојде крајно време за освојување на Фалуџа. Се приближи моментот на големата победа и Исламска држава нема друг избор, освен да бега - најави ирачкиот премиер Хајдер ал Абади. Новата операција следи откако ирачките копнени сили успеаја...

Во Јемен убиени повеќе од 800 припадници на Ал каеда

Повеќе од 800 осомничени припадници на Ал каеда се убиени во офанзивата на јеменската војска против џихадистите на југот на земјата, соопшти денеска арапската коалиција, предводена од Саудиска Арабија. „Операцијата е окончана откако се убиени повеќе од 800 припадници на Ал каеда, меѓу кои и лидерите на организацијата“, се наведува во соопштението на коалицијата. Јеменските војници почнале операција од југот да...

Талибанците најавија офанзива

Авганистанските талибанци утринава објавија почеток на својата „пролетна офанзива“, која ја нарекле „Операција Омар“ во знак на основачот на движењето, мулата Омар. Тие во соопштението предупредија дека ќе „изведат напади од големи размери на непријателски позиции во земјата“. Талибанците најавуваат „долга и крвава“ офанзива за годинава и наведуваат дека џихад против американските напаѓачи е „света обврска“. Офанзивата почнува во момент кога владата во...

Сириската војска ја зазеде цитаделата во Палмира, во офанзивата против ИД

Силите на сириската влада напредуваат во офанзивата против милитантите на Исламска држава за преземање на античкиот град Палмира во Сирија, каде, според извештаите на агенциите, денеска се воделе жестоки борби. Според новинската агенција Сана, сириската војска ја презела контролата врз реконструираниот замок од 13. век, кој се наоѓа на рид во западниот дел од античкиот град. Провладината телевизија „Ал...

Ирачките сили и меѓународната коалиција почнаа офанзива на Мосул

Ирачката војска со поддршка од авијацијата на меѓународната коалиција ја почнала долго очекуваната офанзива за преземање на градот Мосул, кој го држат џихадистите на Исламска држава. Ирачките сили утринава зазеле неколку села во околината на градот Махмур, источно од Мосул, соопшти портпаролот на здружените сили, Јахја Расул. Тој рече дека меѓународната коалиција предводена од САД ѝ дава воздушна поддршка на ирачката...

Во Нежилово одржана работилница на која 12 млади изработија стрипови

Во село Нежилово, од 18 до 21 април беше организирана четиридневна едукативна стрип работилница, на која 12 млади таленти од различни градови кои цртаа стрипови. Потоа, заедно со нивниот...