САД најави уште воена помош за Украина, борбите со рускиот агресор на фронтот продолжуваат

Во помошта ќе бидат вклучени и артилериски ракетни системи „Химарс“

Фото: ukrinform.net

Пентагон ќе испрати дополнителна помош во оружје за Украина, вредна 100 милиони американски долари, најави секретарот на САД за одбрана, Лојд Остин. Оружјето и опремата ќе бидат од активната резерва на САД, а ќе вклучуваат артилерија и муниција за систем за противвоздушна одбрана.

Остин информацијата ја соопшти при ненадејната посета на Кијив вчера. Тој допатува со воз од Полска, по што се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, министерот за одбрана Рустем Умеров и началникот на на Генералштабот на украинските вооружени сили, Валериј Залужни.

Во помошта ќе бидат вклучени и артилериски ракетни системи „Химарс“.

По Лојд Остин, во Кијив денеска се очекува германскиот министер за одбрана.

Во меѓувреме, во воените подрачја во Украина продолжија судирите. Според Генералштабот на вооружените сили на Украина, во текот на вчерашниот ден се случиле 70 оружени судири со руските агресорски сили.

Притоа непријателот извршил пет ракетни напади, 10 воздушни напади и 20 напади со повецевни ракетни лансери врз украинските вооружени сили и врз населени места. Под артилериски напади биле повеќе од 110 населени места.

Украинските сили офанзивно дејствуваат во секторот Мелитопол, при што, според Генералштабот, нанесени се загуби на непријателот во жива сила и оружје и опрема. Дејствувано било и со борбени авиони, врз групации на руски војниции и врз магацин со муниција.