Жестоки напади на руските сили за целосно освојување на Севернодонецк

-

Украинскиот град Севернодонецк во Луханската област утрово е жестоко нападнат од руските сили во рамките на големата офанзива, и врз градот, но и врз целиот регион се испукуваат артилериски гранати, се вршат и авионски бомбардирања, а дејствуваат и тенкови. Севернодонецк во моментот е „мал џеб“ во територијата што е речиси под целосна контрола на руските војски.

„Ситуацијата во Севернодонецк е комплицирана до максимум. Целиот регион е постојано бомбардиран – со авионски бомби, артилерија и тенкови. Со сѐ. Главните напори на Русите сега се насочени на преземање контрола врз градот“, напиша регионалниот гувернер Серхиј Хајдај на својот профил на Телеграм.

Претходно тој во изјава за државната украинска телевизија кажа дека ситуацијата во градот останува тешка и дека руските трупи полека напредуваат кон центарот и дека се пружа отпор, пренесува Би-Би-Си.

Откако не успеа да ја порази цела Украина, руската армија сега е насочена на Донбас, поширок регион составен од регионите Донецк и Луханск. Ако го освојат Севернодонецк денеска, руските сили ќе го имаат под контрола целиот Лухански регион.

Ноќеска со своето редовно видеообраќање до нацијата, претседателот на Украина Володимир Зеленски посочи дека ситуацијата во Донбас е тешка, оти руската офанзива не запира.

Нападите на руските сили продолжуваат и во градот Словјанск во Донецката област, каде што во гранатирање животот го загубија три цивили, а шестмина се повредени, јавува Укринформ. Украинските власти бараат од жителите под итно да се евакуираат и од Донецкиот регион, бидејќи не постои безбеден град во овој дел од земјата. Само во текот на вчерашниот ден, руските сили употребиле воени средства врз 46 населени места во Донбас.

Руските сили извршиле гранатирање на украински позиции и во регионот Миколаив на југот на Украина, при што најмалку четири цивили биле повредени, јавува Укринформ. Во контраофанзивата на украинските сили, тие успеале да го ослободат селото Миколаивка лоцирано северно од Херсонскиот регион.

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување...