fbpx

Ирачките сили зазеле повеќе од 90 отсто од Рамади

-

Ирачката полиција денеска соопшти дека државните сили зазеле повеќе од 90 отсто од градот Рамади, кој од мај годинава е под контрола на Исламска држава.

Коалицијата под водство на САД врши воздушни напади во регионот, а специјално обучени антитерористички единици тргнале од улица во улица да ги потиснуваат џихадистите.

Рамади е главен град на провинцијата Анбар, која се наоѓа на повеќе од 100 километри западно од Багдад.

Напредувањето на ирачките сили и понатаму се одвива бавно, бидејќи милитантите зад себе оставаат експлозивни стапици и поради стравот за безбедноста на цивилите.

Ирачките претставници велат дека ова е најголем успех за државните сили во борбата против исламистите во последните седум месеци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.