fbpx

Упад во канцелариите на општинската организација на СДСМ во Тетово

-

Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор изврши неовластен упад во просториите на општинската организација на СДСМ од Тетово, во што асистираа припадници на СВР Тетово, обвини на прес-конференција општинската организација на СДСМ Тетово.

Според партијата, обиени се вратите од неколку канцеларии за да се изврши мерење за изработка на геодетски елаборат. Но, како што истакнаа од партијата, Акционерското друштво нема никакво право врз просториите.

– Просториите на СДСМ Тетово се во сопственост на Општина Тетово, но траен корисник е нашата партија. Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор нема никаква правна основа да врши премер на простории и на објекти што не се сопственост на Република Македонија, а уште помалку да крши и да менува брави и неовластено да упаѓа. Бидејќи правно ја аргументиравме целата ситуација, бараме одговорност од директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор – изјави Дариан Сотироски од СДСМ Тетово.

Од СДСМ додаваат дека при упадот им биле заменети и бравите на нивните канцеларии.

– СДСМ достоинствено ќе опстои и во наредниот период, кога нè чека тешка борба да го исправиме сè она што 10 години, на највандален и подмолен начин се уриваше и со што се манипулираше. Слободата ќе значи и крај на насилството, кое беше главен адут во рацете на ова инкриминирано владејачко мнозинство – изјавија од општинската организација на СДСМ од Тетово.

За обвинувањата на општинската организација на СДСМ Тетово, од Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор засега нема никаков коментар.

З.Д.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...