Околу 25.000 лица побегнале од ирачкиот град Рамади откако го нападнаа милитантите на Исламска држава, а повеќето тргнале кон главниот град Багдад, соопштија од Обединетите нации.

Средствата за помош на луѓето што избегале од Рамади исчезнуваат, а резерви речиси и да нема, наведе канцеларијата на ОН за координација на хуманитарната помош во Ирак.

Претходно, портпаролот на Белата куќа, Ерик Шулц, изјави дека падот на ирачкиот град Рамади во рацете на Исламска држава претставува чекор назад, но оти коалицијата предводена од САД ќе им помогне на ирачките сили да го вратат тој град.

Белата куќа минатата недела соопшти дека испраќа оружје и муниција во Багдад за да му помогне на Ирак во борбата со милитантите на ИД.