fbpx

Ексхумирани 470 тела од масовна гробница кај Тикрит

-

Ирак ексхумирал 470 тела за кои се смета дека се масакрирани минатата година во близина на Тикрит, соопшти министерката за здравство, Адила Хамоуд.

Масакрот го доби името по базата Спејчер, кај Тикрит, од која во јуни 2014 година џихадистите на Исламска држава киднапираа стотина млади, претежно шиитски регрути.

Ирачките власти проценуваат дека околу 1.700 лица се убиени при офанзивата на Тикрит и оти дел од убиените се закопани во масовни гробници, а дел се фрлени во реката Тигар.

Следната недела ќе бидат објавени имињата на убиените.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...