fbpx

Турција бомбардираше курдски позиции во Ирак

-

Турски борбени авиони „Ф-16“ денеска бомбардираа позиции на припадниците на Работничката партија на Курдистан (ПКК) на југоистокот на Турција, откако милитантите убиле војници во тоа подрачје, соопшти турската војска.

Судирите меѓу турските трупи и милитантите, кои имаат бази во планинските предели во Ирак, станаа секојдневни откако минатиот месец беше прекинато двегодишното примирје.

Борците на ПКК утринава, во 7.05 часот, отвориле оган врз војниците кои вршеле претрес во округот Семдинли, во провинцијата Хакари, во близина на границата со Иран и со Ирак, соопшти турската војска.

Во судирите загинал еден војник, а двајца се повредени. Два авиона „Ф-16“ потоа ги уништиле борбените позиции на ПКК во тоа подрачје, каде дејствуваат и борбени хеликоптери, беспилотни летала и копнена војска.

Околу 70 припадници на турските сили за безбедност се убиени откако почнаа нападите на ПКК од почетокот на јули. Повеќе од 900 милитанти од ПКК се убиени на југоистокот на Турција и во Ирак од 22 јули.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...