fbpx
Таг: Ирак

таг: Ирак

Џихадистите се обидуваат да заземат рафинерија во Ирак

Борците на Исламска држава вчера се судрија со ирачките безбедносни сили во најголемата рафинерија во земјата, во провинцијата Салахудин, и ги задржале неодамна освоените позиции на западот на земјата. ИД минатиот месец претрпе значаен пораз кога ирачките трупи и шиитските паравоени единици го зазедоа Тикрит, но џихадистите пред неколку дена повторно нападнаа цели во западната провинција Анбар и на рафинеријата...

Ирачкиот град Рамади наскоро ќе падне во рацете на џихадистите

Клучниот ирачки град Рамади следните неколку дена би можел да падне во рацете на Исламска држава, јавуваат локални претставници, кои молат за помош. Еден од претставниците на градот за „Си-Ен-Ен“ изјави дека не знае уште колку владините сили можат да ги држат џихадистите надвор од границите на градот. Борбите се интензивирале во последните неколку дена, а градските власти побараа помош...

Осум загинати при експлозии на автомобили-бомба во Багдад

Најмалку осум лица загинаа во два напади со автомобили-бомба во Багдад, јавуваат ирачките безбедносни служби. Првата бомба експлодирала на паркиралиште спроти болницата Јармук, при што четири лица загинаа, а 10 се ранети. Друга експлозија одекнала во станбен кварт при што убиени се четири лица, а ранети се 13.

Иран и САД со различни информации за дроновските напади во Ирак

Иранската револуционерна гарда соопшти дека во американски напад со беспилотни летала во Ирак се убиени двајца советници на елитата на вооружената формација. Од друга страна, САД наведуваат дека биле нападнати само екстремистите. Револуционерната гарда, која советодавно и тактички ѝ помага на ирачката војска во борбата со Исламска држава, соопшти дека нападот се случил на 23 март, неколку дена откако коалициските сили предводени...

Коалиционите сили ја бомбардираа претседателската палата во Тикрит

Коалиционите и ирачките авиони денеска го гаѓале комплексот палати во Тикрит, во кој се наоѓаат припадници на екстремистичката Исламска држава, соопшти портпаролот на Министерството за одбрана, Тахсен Садик. - Ирачките воздушни сили, заедно со коалиционите сили, извеле воздушен напад врз претседателската палата во која се наоѓа седиштето на лидерот на ИД – рече Садик. Портпаролот на Пентагон, полковник Стивен Ворен, изјави...

Иран обвинет за праќање 30.000 војници во Ирак

Курдските власти во Ирак го обвинија Иран за праќање 30.000 војници и воените експерти во борба против милитантната Исламска држава. Иран досега неколкупати ги негираше тврдењата на САД дека праќа војници во Ирак. Во август минатата година, Иран е обвинет за праќање стотина војници за преземање градот Џалавлу од ИД, додека во декември беше соопштено дека ирански борбен авион „Ф-4“...

Обама: ИД е директна последица на американската инвазија на Ирак

Претседателот на САД, Барак Обама, вели дека потеклото на самопрогласената Исламска држава е американската инвазија на Ирак во 2003 година. Обама во интервју за „Вајс њуз“ првпат изјави дека постои директна врска меѓу инвазијата на Ирак и ИД, којa изникна од Ал каеда. - ИД директно израсна од ирачката Ал каеда, која изникна од нашата инвазија – рече Обама и додаде...

Запрена офанзивата на Тикрит

Министерот за внатрешни работи на Ирак, Мухамед Салем ал-Габан, изјави дека офанзивата против џихадистите на Исламска држава во Тикрот е привремено запрена за да им се овозможи на цивилите да го напуштат некогашниот роден град на Садам Хусеин. Габан истакна дека офанзивата за повторно заземање на Тикрит, која почна кон почетокот на месецов, исполнила 90 отсто од целите и оти џихадистите...

Исламска држава користи хемиско оружје при нападите

Ирачките власти до „Би-Би-Си“ доставиле снимки со кои, како што тврдат, се докажува дека џихадистите на Исламска држава во своите напади користат хемиско оружје, односно бомби со хлор. Снимките прикажуваат детонација на бомби по кои во воздухот се крева облак од портокалов гас. Наводно, бомбите содржат мали концентрации на хлор и на отворен простор не се смртоносни. Експертите велат дека џихадистите веројатно ги...

Ирак: Седум самоубиствени напади во Рамади

Екстремистичката сунитска група Исламска држава денеска изведе седум самоубиствени напади со автомобил-бомби во ирачкиот град Рамади, соопшти полицијата. Најмалку 10 лица се убиени, а 30 се повредени според првичните податоци на полицијата и болничките извори во седиштето на провинцијата Ал-Анбар, западно од Багдад. Според информациите што се појавија на социјалните мрежи, меѓу џихадистите имало Белгиец, Сириец и џихадист со потекло од Кавказ. -...

ИД почна да го уништува древниот ирачки град Нимруд

Екстремистичката група Исламска држава денеска со булдожери почна да го уништува древниот асириски град Нимруд во Ирак, соопшти ирачката влада, што претставува најнов напад на џихадистите на културното наследство на оваа блискоисточна држава. Како што соопшти еден ирачки претставник, уништувањето почнало по пладневната молитва. - Засега не знаеме во кој обем е уништен – соопшти ирачкиот претставник, кој инсистирал на анонимност. Нимруд,...

Ирачката војска тргна во офанзива на Тикрит

Ирак почна воена акција за заземање на родниот град на Садам Хусеин, Тикрит, кој се наоѓа под контрола на Исламска држава, јавува ирачката телевизија. Локалните медиуми известуваат дека вооружена воена пешадија почнала да продира во седиштето на градот, додека од воздух е поддржана од воени борбени авиони. Тикрит се наоѓа 150 километри од главниот град Багдад, а радикалните исламисти го зазедоа...

ОН: Во Ирак убиени 1.100 лица во февруари

Во Ирак, во текот на февруари, убиени се најмалку 1.100 Ирачани, од кои 600 се цивили, соопшти денеска мисијата на Обединети нации во таа земја. Мисијата на ОН за помош на Ирак (УНАМИ) соопштила дека помеѓу 1.103 убиени минатиот месец, 611 биле цивили, а останатите биле припадници на безбедносните сили. Во истиот период, повредени биле 2.280 луѓе, од кои 1.353 цивили. Во...

Багдад: 37 загинати во седум бомбашки напади

Најмалку 37 лица загинаа во серијата бомбашки напади изведени во центарот и во околината на Багдад, главниот град на Ирак, јавуваат светските медиуми. Две бомби експлодирале во квартот Џиср Дијала, при што загинале 24 лица. Претходно, во северните и во јужните делови на градот, биле активирани пет експлозивни направи, при што загинале 13 лица.

ИД нападна американска база во Ирак

Исламска држава денеска нападна американска база во Западен Ирак, јавуваат ирачките медиуми. Нападот следува еден ден откако милитантната милиција ја стави под своја контрола опколената територија. Базата Аин ал-Асад е дом на американските маринци, кои го обучуваат ирачките војници. Базата се нашла под артилериска и ракетен оган. Нема извештај за жртви. Ирачките војници убиле осум потенцијални бомбаши-самоубијци, кои се обиделе да...

Се подготвува копнена офанзива против ИД

Ирачките трупи во текот на следните неколку недели ќе почнат копнена офанзива за заземање на деловите од земјата што се под контрола на Исламска држава, соопшти американскиот координатор на меѓународната коалиција против џихадистите, Џон Ален. - Во следните недели, кога ирачките сили ќе ја почнат копнената кампања, коалицијата ќе обезбеди поддршка во согласност со потребите, изјави Ален за јорданската агенција „Петра“,...

Багдад: 12 загинати и 25 повредени во самоубиствен напад

Дванаесет луѓе загинаа, а 25 се повредени откако бомбаш-самоубиец изутринава се саморазнесе на багдадскиот плоштад Адан, во момент кога голем број луѓе оделе на работа. Засега ниту една организација не ја презеде одговорноста за нападот, изврен во делот од градот во кој поголемиот дел од жителите се шиити.

Се укинува полицискиот час во Багдад

Ирачката влада го укинува полицискиот час, кој по инвазијата во 2003 година, го наметнаа сојузниците предводени од САД. Премиерот Хаидер ал-Абади најави дека забраната за движење навечер ќе престане на полноќ в сабота спрема недела. Паралелно, ќе се укинат и другите мерки што го спречуваа нормалниот живот во главниот град. Ал-Абади прогласи четири кварта за „демилитаризирана зона“ во која ќе биде забрането...

Бомбардирани позициите на ИД во Сирија и во Ирак

Меѓународната коалиција предводена од САД изврши шест воздушни напади на позиции на екстремистичката сунитска организација Исламска држава во Сирија и 12 во Ирак, соопштија американските власти. Како што јавуваат светските медиуми, пет од нападите се извршени во Кобане, кое се наоѓа во близина на границата меѓу Сирија и Турција. Пентагон соопшти дека неделава џихадистите се истерани од 90 отсто од деловите...

Исламска држава го нападна ирачкиот град Киркук

Најмалку шест лица загинаа во нападите на северозападниот ирачки град Киркук, јавуваат светските медиуми. Исламистите зазеле дел од градот наречен Мактаб Калиф, по борбите со силите Пешмарга. Меѓу загинатите е и генералот на овие воени сили, Шерко Фетиј. Исламистите околу полноќ почнаа со напади во јужниот и во северниот дел на градот, а изутринава борбите продолжија. Локалните медиуми јавуваат дека 46 лица се повредени,...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...